Genesis (25/50)  

1. А Авраам зеде втора жена, по име Хетура.
2. И таа му ги роди Зимрана, Јоксана, Медана, Мадијама, Јесвока и Соијена.
3. Јоксан ги роди Темана и Дедана. А Деданови синови беа Рагуил, Навдеил и Асурим, Летусим и Лаудим.
4. А синови Мадијамови: Ефа, Ефер, Ханох, Авид и Елдаг. Сите тие беа синови Хетурини.
5. А Авраам целиот свој имот му го даде на Исака.
6. На синовите, пак, од своите наложници им даде Авраам само подароци, и, уште додека беше жив, ги распрати на исток, во источниот крај - далеку од синот негов Исака.
7. А деновите на Авраамовиот живот, што го поживе, беа сто и седумдесет и пет години.
8. И откако ослабе, умре Авраам во добра старост, сит од животот, и се прибра во родот свој.
9. А го погребаа неговите синови, Исак и Исмаил, во пештерата Макпела, во нивата на Ефрона, синот на Хетеецот Сахар, а која се нао аше спроти Мамре;
10. во пештерата на нивата, што ја беше купил Авраам од синовите Хетеови, таму беше погребан Авраам со Са‘ра, жената своја.
11. А по смртта Авраамова го благослови Бог Исака, синот негов. Исак живееше, пак, во Беер Лахај Рој.
12. Еве го родословот на Исмаила, синот Авраамов, кого му го роди на Авраама Агара Египтјанката, слугинката на Са‘ра.
13. А ова се имињата на синовите Исмаилови, како што ги именуваа во родовите нивни: првенецот Исмаилов е Навајот, па Кидар, Навдеил и Масам,
14. потоа Масма, Дума и Маса,
15. Хадар, Теман, Јетур, Нафес и Кедма.
16. Тоа се синовите Исмаилови, и тоа се имињата според селиштата, шаторите и населбите нивни. Тоа се дванаесетте кнезови над племињата нивни.
17. А деновите на животот Исмаилов се сто триесет и седум години. Потоа ослабе и умре, и се прибра при својот род.
18. Неговите синови живееја од Евилат дури до Сур, источно од Египет, од каде што се оди во Асирија. Тие се населија спроти сите брака свои.
19. А ова е родословот на Исака, синот Авраамов: Авраам го роди Исака;
20. А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, керката на Арамеецот Ватуило од Месопотамија сириска, сестра на Арамеецот Лаван.
21. И Исак Му се помоли на Господа за жената своја, бидејки таа беше неплодна; и Бог го чу, па Ревека, жената негова, зачна.
22. Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: "Ако биде така, зошто ми е ова?" И отиде да Го праша Господа.
23. А Господ и рече: "Две племиња има во утробата твоја, и два народа ке излезат од тебе; едниот народ ке биде посилен од другиот и поголемиот ке му служи на помалиот."
24. И дојде времето да роди, а ете - близнаци во утробата нејзина.
25. Излезе синот првенец црвен, целиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав.
26. А потоа излезе брат му, држејки го Исава со рака за петата; нему му ставија име Јаков. А Исак имеше шеесет години, кога ги роди овие Ревека.
27. И децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и љубител на полето, а Јаков беше човек кроток и престојуваше во шаторите.
28. Исак го сакаше Исава, зашто многу му се сви аше ловот негов; а Ревека повеке го сакаше Јакова.
29. Еднаш Јаков зготви јадење, и Исав дојде од полето уморен.
30. И му рече Исав на Јакова: "Дај ми да јадам од тоа црвеникаво, зошто сум уморен." Оттаму се нарече Едом.
31. Но Јаков му рече на Исава: "Продај ми го денес првородството твое!"
32. А Исав одговори: "Еве, сакам да умрам, па што ке ми е првородството?"
33. Но Јаков му рече: "Заколни ми се уште сега!" И тој му се заколна. Така Исав му го продаде своето првородство на Јакова.
34. И Јаков му даде на Исава леб и варена лека, и тој јаде и пи, па стана и си отиде. Така Исав го презре првородството свое.

  Genesis (25/50)