Genesis (23/50)  

1. Са‘ра поживе сто и дваесет и седум години; тоа се годините на Са‘риниот живот.
2. И умре Са‘ра во градот Киријат - Арби, а тоа е Хеврон, во земјата Хананска. И дојде Авраам да ја изжали и да ја исплаче.
3. А кога стана Авраам пред покојницата своја, им рече на синовите Хетеови, велејки:
4. "Странец сум и придојден при вас; дајте ми да имам гроб кај вас, сам да ја погребам покојницата своја."
5. А синовите Хетеови му одговорија на Авраама, велејки:
6. "Чуј не, господару наш; ти си кнез Божји ме у нас; во најдобриот гроб наш погреби ја покојницата своја; никој ме у нас нема да ти го одбие гробот свој за да можеш да ја погребеш покојницата своја таму!"
7. Тогаш стана Авраам и му се поклони на народот од земјата на синовите Хетеови,
8. и им рече Авраам, велејки: "Ако сакате да ја погребам покојницата своја пред очите мои, послушајте ме - речете му за мене на Ефрона, синот Саров.
9. Нека ми ја даде пештерата во Макпела, која е на крајот од нивата негова; за пари нека ми ја даде, колу што чини, за да имам гробноца ме у вас!"
10. А Ефрон седеше ме у синовите Хетеови. И му одговори Ефрон Хетеецот на Авраама, пред синовите Хетеови, и тоа гласно, да чујат сите, кои беа во советот од тој град, велејки:
11. "Не, господару; послушај ме - нивата, и пештерата во неа, ти ја давам; пред синовите на народот мој ти ја подарувам, погреби ја покојницата твоја."
12. А Авраам му се поклони на народот од таа земја,
13. и му рече на Ефрона гласно, пред сиот народ, велејки: "Ако сакаш, почуј ме: ке ти дадам колку што чини нивата, земи од мене, па тогаш ке ја погребам покојницата своја таму."
14. А Ефрон му одговори на Авраама и рече:
15. "Господару мој, чуј ме; земјата чини четиристотини сикли сребро; што е тоа за мене и за тебе? Затоа погреби ја покојницата твоја!"
16. И Авраам, откако го ислуша Ефрона, му го измери среброто, што го кажа тој пред синовите Хетеови, четиристотини сикли сребро, како што врвеше тогаш ме у трговците.
17. И нивата Ефронова во Макпела спроти Мамре, нивата и во пределите наоколу,
18. станаа сопственост на Авраама пред синовите Хетеови, пред сите кои влегуваа во тој град.
19. Потоа ја погреба Авраам Са‘ра, жената своја, во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, а тоа е Хеврон, во земјата Хананска.
20. Така Авраам ја придоби од синовите Хетеови нивата и пештерата во неа, за да има сопствена гробница.

  Genesis (23/50)