Genesis (22/50)  

1. По тие настани Бог, искушувајки го Авраама, рече: "Аврааме!" А тој одговори: "Еве ме!"
2. Бог продолжи: "Земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ке ти ја покажам!"
3. И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла ослето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исака, синот свој; па, откако исцепи дрва за жртвата, се крена, појде и дојде на местото, за кое му рече Бог.
4. На третиот ден, кревајки ги очите свои, Авраам го здогледа местото оддалеку.
5. И им рече Авраам на слугите свои: "Останете вие овде со ослето, а јас и детето ке одиме онаму, па откога ке се помолиме, ке се вратиме кај вас."
6. И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исака, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце огнило и нож; па отидоа обајцата заедно.
7. Тогаш му рече Исак на Авраама, таткото свој: "Татко!" А тој одговори: "Што е, синко!" И рече Исак: "Ете огнило и дрва, а каде е јагнето за жртва?"
8. А Авраам одовори: "Бог ке си предвиди, синко, јагне за жртва." И обајцата го продолжија патот заедно.
9. И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исака, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата.
10. Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој.
11. Но ангел Господен викна од небото, и рече: "Аврааме! Аврааме!" А тој одговори: "Еве ме!"
12. И ангелот продолжи: "Не кревај рака своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам, оти се плашиш од Бога штом не го пожали ни саканиот свој син заради Мене."
13. И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа - зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој.
14. И го нарече Авраам ова место: "Господ ке предвиди." Затоа и денес се вели: "На горичката Господ се јави."
15. А ангелот Господен повторно го викна од небото Авраама,
16. и рече: "Се колнам во Себе - вели Господ - кога така направи, и не го пожали саканиот свој син заради Мене.
17. Навистина, Јас ке те благословам и преблагословам, и потомството твое ке го умножам и преумножам како sвездите на небото и како песокта на морскиот брег! А потомците твои ке ги завладеат градовите на непријателите свои.
18. И ке бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша гласот Мој."
19. Тогаш Авраам се врати при слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И се насели Авраам во Вирсавија.
20. По тие настани му јавија на Авраама: "Ете, и Мелха му роди синови на братот твој Нахор!"
21. Уз, неговиот првенец, брат му Вуз, и Камуила, таткото на Арамејците,
22. Хазада, Азава, Фалдеса, Елдафа и Ватуила.
23. А Ватуило ја роди Ревека. Овие осумте му ги роди Мелха на Нахора, братот на Авраама.
24. А неговата наложница, по име Ревма, ги роди овие: Тавека, Гама, Тохоса и Моха.

  Genesis (22/50)