Genesis (20/50)  

1. Авраам оттаму тргна на југ, и се настани ме у Кадес и Сур; и живееше некое време во Герар како придојден.
2. Тогаш велеше Авраам за жената своја Са‘ра, дека му е сестра, оти се плашеше да рече дека му е жена, за да не го убијат жителите градски заради неа. А царот герарски Авимелех испрати, и ја зеде Са‘ра.
3. Но Бог дојде при Авимелех ноке во сон, и му рече: "Ете, ке умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж."
4. А Авимелех не беше се допрел до неа, па рече: "Господи, зар ке погубиш народ праведен?
5. Нели самиот ми рече - ‘Сестра ми е - а и таа самата рече ‘Брат ми е - а јас тоа го направив простосрдечно и со чисти раце."
6. Тогаш му рече Бог во сонот: "Затоа те задржав да не грешиш пред Мене и не ти допуштив да се допреш до неа.
7. А сега врати му ја на човекот жената негова, зашто е пророк, и ке се помоли за тебе, и ке останеш жив. Ако не ја вратиш, знај дека ке умреш и ти и сите твои.
8. Утредента рано стана Авимелех, и ги повика сите слуги свои, и им го кажа сето тоа да го чујат. И тие многу се уплашија.
9. Тогаш Авимелех го повика Авраама и му рече: "Што направи ти со нас? Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави."
10. И уште му рече Авимелех на Авраама: "Што имаше на ум, кога го направи тоа?"
11. А Авраам одговори: "Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ке ме убијат поради жената моја.
12. А всушност и ми е сестра: по татко, но не и по мајка: и се омажи за мене.
13. А кога ме изведе Господ од домот на мојот татко, јас и реков: направи ми добро и кажи за мене, и во секое место каде што ке дојдеме: ‘Брат ми е"
14. Тогаш Авимелех зеде овци, и говеда, и слуги, и слугинки, и му ги даде на Авраама, и му ја врати Са‘ра, жената негова.
15. И му рече Авимелех на Авраама: "Еве, земјата моја е пред тебе; и каде што ти е угодно, насели се!"
16. А на Са‘ра и рече: "Еве, му дадов на твојот брат иљада сикли сребро: тоа нека ти биде во чест на твоето лице, превез пред очите на сите, кои се со тебе, и пред сите си оправдана."
17. Авраам, пак, Му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, и жената негова, и слугинките негови, и тие почнаа да ра аат;
18. зашто Господ ги беше затворил сите утроби во домот на Авимелеха поради Са‘ра, жената Авраамова.

  Genesis (20/50)