Genesis (2/50)  

1. Така се доврши небото и земјата и сиот украс нивни.
2. И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде.
3. И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде.
4. Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото.
5. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не пракаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ке ја обработува земјата,
6. но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја.
7. А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
8. И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде.
9. И направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
10. И вода течеше од Едем, за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во четири реки.
11. Името на едната е Фисон; таа тече околу целата земја Хевилска, а таму има злато.
12. Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс.
13. А на втората река името и е Геон; таа ја опкружува целата земја Куш.
14. Името, пак, на третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија. Четвртата река е Ефрат.
15. И, земајки го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази.
16. И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: "Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17. освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ке вкусиш од него, ке умреш."
18. И рече Господ Бог: "Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!"
19. Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите птици небески, и ги доведе кај човекот за да види како која ке ја нарече тој, па, како што човекот ке го нарече секое живо суштество, така да му биде и името.
20. И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на птиците небески, и на сите sверови полски; но за човекот не се најде помошник, сличен на него.
21. Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот.
22. И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот.
23. А човекот рече: "Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!"
24. Затоа ке го остави човекот таткото свој и мајката своја и ке се прилепи кон жената своја; и обата ке бидат едно тело.
25. И беа обајцата голи, Адам и жена му, и не им беше срам.

  Genesis (2/50)