Genesis (17/50)  

1. А кога Аврам имаше деведесет и девет години му се јави Господ на Аврама и му рече: "Јас сум Бог твој, оди пред Мене и биди непорочен!
2. И ке направам завет ме у Мене и тебе, и многу, многу ке те размножам."
3. Аврам падна ничкум. А Бог продолжи да му говори и му рече:
4. "А ова е заветот Мој со тебе: ке станеш татко на многу народи.
5. Затоа повеке нема да се викаш Аврам, туку името ке ти биде Авраам, оти ке те направам татко на многу народи;
6. и многу, многу ке те умножам, и ке издигнам од тебе многу народи, и цареви ке излезат од тебе.
7. И ке поставам завет Мој ме у Мене и тебе и ме у твоите потомци по тебе во нивните родови; ке направам заветот да биде вечен, ке ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.
8. И ке ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која си придојден, целата земја Хананска во вечно владеење; и ке им бидам нивни Бог."
9. И му рече Бог на Авраама: "Ти, пак, запази го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови!
10. А ова е заветот Мој ме у Мене и вас и потомците твои во нивните родови, што ке го пазите: секое машко од вас нека биде обрезано.
11. А ке обрезувате крајче од телото свое; тоа ке биде знак на заветот ме у Мене и вас.
12. Секое машко дете кога ке наполни осум дена по ра ањето, низ целото ваше потомство, да биде обрезано: и роб, роден во вашиот дом, и оној што ке биде купен од странец, а не е од семето твое, со образание ке се обреже робот од твојот дом и купениот.
13. Да, и робот, роден во домот твој, и купениот мора да биде обрезан, и така Мојот завет над вашето тело ке остане вечен.
14. А необрезаното машко, на кое не ке му се обреже крајче од телото негово во осмиот ден, да се истреби од родот свој: таквиот го нарушил заветот Мој."
15. И му рече уште Бог на Авраама: "А Сара, жената твоја, не ја викај повеке Сара, туку името нека и биде Са‘ра.
16. И Јас, ке ја благословам, и ке ти дадам син од неа; ке ја благословам, и народи ке потекнуваат од неа, и цареви на народи ке излезат од неа."
17. Тогаш падна Авраам ничкум и се насмеа, велејки во себе: "Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем Са‘ра во деведесетте години ке роди?"
18. И Авраам Му рече на Бога: "О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!"
19. А Бог му рече на Авраама: "Навистина, Са‘ра, жената твоја, ке ти роди син и ке го наречеш со името Исак; и ке направам заветот Мој со него да биде завет вечен, и да му бидам Бог на потомството негово по него.
20. А и за Исмаила те послушав; еве, го благословувам, и ке го направам плоден, и многу ке го умножам, многу; и ке роди дванесет кнезови, и од него ке произлезе голем народ.
21. А заветот Мој со Исака ке го направам кога ке ти го роди Са‘ра, догодина во ова време."
22. Па, откако Бог го изговори тоа, се издигна Бог од Авраама.
23. Авраам, пак, го зеде Исмаила, синот свој, и сите родени во домот негов, и сите купени, и сите машки домашни, им обреза крајче од телото нивно во истиот ден, како што му рече Бог.
24. Авраам имаше деведесет и девет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
25. А Исмаил, синот негов, имаше тринаесет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
26. Во истиот ден беа обрезани Авраам и син му Исмаил,
27. и со него заедно беа обрезани и сите домашни машки, и робовите, родени во неговиот дом, а и купените од странци.

  Genesis (17/50)