Genesis (16/50)  

1. Но Сара, жената на Аврама, не му ра аше. А имаше слугинка Египтјанка, по име Агара.
2. И му рече Сара на Аврама: "Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не ра ам; туку оди при слугинката моја, можеби ке добијам деца од неа." И Аврам се согласи со зборовите на Сара.
3. И така, откако Аврам преседе десет години во земјата Хананска, Сара, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египтјанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврама за жена.
4. И тој влезе при Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, се возгордеа пред господарката своја.
5. А Сара му рече на Аврама: "Навредата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во преград слугинката моја, а таа, гледајки дека зачна, се возгордеа пред мене. Бог нека суди ме у мене и тебе."
6. Тогаш Аврам и рече на Сара: "Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!" И Сара почна да ја злоставува, и таа избега од неа.
7. Но ангел Господен ја најде при изворот во пустињата, при изворот на патот за Сур.
8. И и рече: "Агаро, слугинко Сарина, од каде доа аш и каде одиш?" А таа рече: "Бегам од Сара, господарката моја."
9. Ангелот Господен пак и рече: "Врати се кај господарката твоја и покори и се!"
10. И ангелот Господен уште рече: "Kе го умножам многу потомството твое, што не ке може да се изброи од множество."
11. И пак и рече ангелот Господен: "Ете ти си бремена и ке родиш син, и ке го наречеш со името Исмаил; оти Господ ја чу маката твоја.
12. Тој ке биде силен човек: раката негова ке се крева против секого, и сечија против него; и ке живее пред лицето на сите брака свои."
13. Тогаш Агара Го призва името на Господа, Кој и зборуваше, и рече: "Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене," зашто рече: "Пред себе Го видов Оној што ми се јави."
14. Заради тоа тој извор се нарече Беер - Лахај - Рој, а се нао а ме у Кадис и Варад.
15. И му роди Агара на Аврама син; и му стави Аврам на синот свој, кого го роди Агара, име Исмаил.
16. А Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаила.

  Genesis (16/50)