Genesis (15/50)  

1. По оние настани би слово Господово кон Авраама во видение ноке и му рече: "Не бој се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ке биде многу голема."
2. А Аврам рече: "Господи, зошто да ми дадеш кога сум без пород; а домакин во мојата кука е Елиезер дамаскинецот."
3. И пак рече Аврам: "Бидејки, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од домашните во куката моја ке биде наследник."
4. Но Господ пак проговори: "Нема тој да ти биде наследник, туку оној, што ке излезе од тебе, тој ке ти биде наследник."
5. Па го изведе надвор и му рече: "Погледни на небото и изброј ги sвездите, ако можеш да ги изброиш." И му рече: "Толкаво ке биде потомството твое."
6. И Му поверува Аврам на Господа Бога, и тоа му се прими за оправдание.
7. И му рече: "Јас сум Бог, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја, да ја владееш."
8. А тој рече: "Господи, Господи, по што ке познаам дека ке ја наследам?"
9. И му рече: "Принеси му јуница, од три години, и коза тригодишна, и овен, од три години, а и грлица и млад гулаб!"
10. И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; но птиците не ги преполови.
11. А птици грабливки слетуваа на тие мрши; но Аврам ги бркаше.
12. А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврама длабок сон, и ете, го опфати голем мрак - и го обзеде ужас.
13. И Господ му рече на Аврама: "Знај дека потомците твои ке бидат придојдени во ту а земја, ке робуваат и ке ги мачат четиристотини години.
14. Но на народот, на кој ке му служи, Јас ке му судам; потоа тие ке излезат оттаму со големо богатство.
15. А ти ке отидеш кај татковците свои во мир, и ке бидеш погребан во длабока старост.
16. Тие, пак, во четвртото колено ке се вратат ваму; зашто мерката на безаконијата Аморејски уште не превршила."
17. А штом сонцето зајде, падна мрак, и ете, дим како од печка и огнен пламен поминува ме у оние делови.
18. Во тој ден Господ направи завет со Аврама, велејки: "На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат:
19. Кенејците, Кенезејците, Кедмонејците,
20. Хетејците, Ферезејците, Рефаинците,
21. Аморејците, Хананејците, Гергесејците и Јевусејците!"

  Genesis (15/50)