Genesis (13/50)  

1. Така излезе Аврам од Египет кон југ, во пустињата Негев, тој, жената негова, и се што имаше, а и Лот со него.
2. А Аврам беше многу богат со добиток, со сребро и со злато.
3. И отиде, од каде што појде, во пустињата се до Ветил; продолжи да патува се до местото, каде што порано му беше поставен шаторот, ме у Ветил и Гај;
4. На местото, каде што најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово.
5. А и Лот, кој одеше со Аврама, имаше овци, говеда и шатори.
6. И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејки имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно.
7. И стана караница ме у пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа замја живееја тогаш Хананејци и Ферезејци.
8. Затоа Аврам му рече на Лота: "Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини.
9. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ке тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево."
10. Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина Јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомор, целата, се до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата Египетска.
11. И Лот ја избра за себе целата околина Јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг.
12. Аврам се насели во земјата Хананска, а Лот се настани ме у градовите на околината, преместувајке се се до Содом.
13. Лу ето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Бога.
14. И му рече Бог на Аврама, откако Лот се оддели од него: "Крени ги сега очите свои, па погледни од местото, каде што си, на север и на југ, на исток и на запад,
15. зашто целата земја, што ја гледаш, ке ти ја дадам тебе и на потомството твое довека;
16. ке го умножам потомството твое да биде колку што е песокта на земјата; ако некој може да ја изброи песокта на земјата, тоа ке може да го изброи и потомството твое.
17. Стани и изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто ке ти ја дадам тебе и на потомството твое довека."
18. И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабот Мамре, што беше во Хеврон, и таму Му направи жртвеник на Господа.

  Genesis (13/50)