Genesis (1/50)  

1. Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2. Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.
3. И рече Бог: "Нека биде светлина!" И би светлина.
4. И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината.
5. И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече нок. И би вечер, и би утро - ден први.
6. Потоа рече Бог: "Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!"
7. И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана.
8. И сводот Бог го нарече небо. И би вечер и би утро - ден втори.
9. И рече Бог: "Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!" И стана така.
10. И сувото Бог го нарече замја, а собраните води ги нарече - мориња; и виде Бог дека е добро.
11. И пак рече Бог: "Нека израсте од земјата зеленило - трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!" И стана така.
12. И пушти земјата од себе зеленило: трева што дава семе според својот род и вид, а и дрво плодородно што ра а плод, и чие семе е според нивниот род на земјата. И виде Бог дека е добро.
13. И би вечер, и би утро - ден трети.
14. Потоа рече Бог: "Нека се појават светила на сводот небески, што ке ја осветлуваат замјата за да го делат денот од нокта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините;
15. и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат замјата!" И би така.
16. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со нокта, и sвезди;
17. и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата,
18. и да управуваат со денот и нокта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро.
19. И би вечер, и би утро - ден четврти.
20. Потоа рече Бог: "Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!" И би така.
21. И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
22. И ги благослови Бог, велејки: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека да се множат на земјата.
23. И би вечер, и би утро - ден петти.
24. Пак рече Бог: "Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и sверки земни според нивниот род!" И би така.
25. И создаде Бог sверови земни, сопред родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
26. Потоа рече Бог: "Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ке биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над sверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!"
27. И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28. И ги благослови Бог, и им рече: "Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и sверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата."
29. И рече Бог: "Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
30. А на сите sверови земни, и на сите птици небески, и на се што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат." Така и стана.
31. И виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал. И би вечер, и би утро - ден шести.

      Genesis (1/50)