Galatians (6/6)    

1. Браќа, и да падне некој во некаков престап, вие, кои сте духовни, поправајте го таквиот со дух на кроткост, чувајќи се себеси и вие да не бидете искушани.
2. Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните Христовиот закон!
3. Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а е ништо, самиот се мами.
4. А секој да го испита своето дело, и тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг.
5. Зашто секој треба да го носи својот товар.
6. А оној кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној кој го поучува.
7. Не лажете се: Бог не дозволува да биде исмеван! Бидејќи човекот што ќе посее, тоа и ќе жнее:
8. кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.
9. Да не ви стане мачно правејќи добро, зашто ако не се умориме ќе жнееме во право време.
10. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние кои припаѓаат на нашето семејство по вера.
11. Bидете, со колку големи букви ви пишувам своерачно!
12. Сите оние кои сакаат да се покажат добри според телото, тие ве принудуваат да се обрежувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.
13. Зашто ни самите тие, кои се обрежуваат не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрежувате, за да се фалат со вашето тело.
14. Никако да не се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот!
15. Зашто ниту обрезанието е нешто, ниту необрезанието, туку новото создание.
16. А на сите кои ќе го следат ова правило - мир и милост, ним и на Божјиот Израел.
17. Bо иднина никој да не ми додева повеќе, зашто на своето тело ги носам Исусовите белези.
18. Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух. Амин!

  Galatians (6/6)