Ezra (7/10)  

1. По тие настани, во царувањето на Артаксеркса, царот персиски, Ездра, - синот Сареов, син на Азарија, син на Хеликија,
2. син на Селума, син на Садока, син на Ахитува,
3. син на Самарија, син на Азарија, син на Мареота,
4. син Зариев, син Езеев , син Вокиев,
5. син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на првосвештеникот Арона, -
6. тој Ездра излезе од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господа, Бога Израилев. Царот му даде се по желбата негова, зашто раката на Господа, неговиот Бог, беше над него.
7. Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израилеви, и свештеници, и левити, и певци, и вратари, и Нетинејци во седмата година на царот Артаксеркс.
8. Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот.
9. Бидејки во првиот ден од првиот месец беше почнало излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.
10. Зашто Ездра го беше управил срцето свое да го изучува законот Господов и да го извршува и да го учи Израилот во законите и уредбите.
11. Еве ја содржината на писмото, што цар Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израилот на заповедите Господови и на законите Негови:
12. Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учител во законот на небесниот Бог денес.
13. Дадов заповед, во царството мое секој од народот Израилев и од неговите свештеници и левити, што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.
14. Бидејки си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледаш Јудеја и Ерусалим во законот на твојот Бог, кој што е во раката твоја,
15. и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците негови го жртвуваа на Бога Израилев, Чие живеалиште е во Ерусалим,
16. и сето сребро и злато, што ке го собереш по целата област Вавилонска, заедно со доброволните приноси од народот и свештениците, што ке жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Ерусалим, -
17. тоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и лебни приноси кон нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим.
18. А она што ти и браката твои ке најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според вољата на Вашиот Бог направете.
19. Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бога Ерусалимски.
20. И се друго, што е потребно за домот на твојот Бог, ова за што го светаш дека е неопходно, давај од домот на царските сокровишта.
21. А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на реката - се, што ке посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога, небесен, без двоумење давајте:
22. сребро до сто таланти, пченица до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол - без да се определува количеството.
23. Се, што е заповедано од Бога небесен, треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен, за да не падне гневот Негов врз царството, царот и синовите негови.
24. Го кажавме да знаете, дека на никого од свештениците и левитите, певците, вратарите, Нетинејците и они што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина.
25. А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, постави управители и судии, за да го судат сиот народ од онаа страна на реката, - сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, учете ги.
26. И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било на заточение, било на парична глоба, или на затвор во темница.
27. Нека е благословен Господ, Бог на татковците наши, Кој вложи во срцето на царот да го украси домот Господов, што е во Ерусалим,
28. и Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас се охрабрив, бидејки раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите Израилеви, за да одат со мене.

  Ezra (7/10)