Ezra (6/10)  

1. Тогаш царот Дариј издаде заповед, и бараа во Вавилон и во книжницата, каде што ги ставаа вредностите.
2. И најдоа во Екбатан, во дворецот, кој е во областа Мидија, еден свиок, и во него беше напишано вака: ‘Да се помни:
3. во привите годин на царот Кир, царот Кир издаде заповед за домот Господов во Ерусалим: да се гради дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова - шеесет лакти, ширината негова - шеесет лакти;
4. три реда големи камења, еден ред дрвја; а трошоците нека се плакаат од царскиот дом.
5. Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и однесат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божјиот дом, секој на свое место.
6. Затоа, Татанај, задречен и Сатар-Вунај, со другарите свои Афарсакејци од зад реката, - отстранете се оттаму!
7. Не запирајте ја работата на Божјиот дом; јудејскиот кнез и јудејските старешини нека го градат оној Божји дом на местото негово.
8. И од мене се дава заповед, со што треба да им помагате на тие старешини јудејски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот - од данокот на задречната земја давајки им на тие лу е, за да не се запира работата;
9. и колку што треба - телиња ли, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пченица, сол, вино и масло, според она како што ке кажат свештениците ерусалимски, нека им се дава секој ден без прекин,
10. та да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови.
11. Заповедам уште - кој ке ја измени оваа наредба, да извадат греда од куката негова, да го издигнат и приковат на неа, а куката негова поради тоа да се претвори во урнатини.
12. И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ, што ке протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, ја дадов оваа заповед; да биде точно исполнувана!"
13. Тогаш Татанај, задречниот кнез, Сатар-Вузанај и другарите нивни, постапуваа точно онака, како што заповеда царот Дариј.
14. И јудејските старешини градеа и успеваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Ада. Изградија и завршија според вољата на Бога Израилев и според војлата на Кира, Дарија и Артаксеркса, цареви персиски.
15. Завршен беше овој дом на третиот ден од месец Адар, во шестата година од царувањето на царот Дарија.
16. И синовите Израилеви, свештениците, левитите и други, што се беа вратиле од пленство, со радост го извршија осветувањето на тој Божји дом.
17. И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте и дванаесет кози како жртва за грев и за целиот Израил, според бројот на колената Израилеви.
18. И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родовите нивни за Божја служба во Ерусалим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.
19. Потоа вратените од пленство прославија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец,
20. зашто свештениците и левитите се беа очистиле, - тие сите до еден беа чисти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите брака свештеници и за себеси.
21. И јадеа синовите Израилеви, што се беа вратиле од преселувањето, и сите, што се беа откажале од нечистотијата на земните народи, за да прибегнат кон Господа, Бога Израилев.
22. А го празнуваа со радост и празникот бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврти кон нив срцето на асирскиот цар, за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господа, Бог Израилев.

  Ezra (6/10)