Ezra (5/10)  

1. Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, син Адов, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бога Израилев.
2. Тогаш стана Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јосадеков, и почнаа да градат Божји дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои што ги подржуваа.
3. Во тоа време дојдоа при нив Татнај, кнезот од оваа страна на реката, и Сатар-Вузанај, со другарите свои, и им рекоа вака: "Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие sидишта?"
4. Тогаш ние им ги кажавме имињата на лу ето, што ја градеа таа зграда.
5. Но окото на нивниот Бог беше врз старешините Јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дарија, и додека не дојде решение за таа работа.
6. Еве ја содржината на писмото, што го испрати Татнај, задречен кнез, и Сатар-Вузанај со другарите свои - Афарсахејци, од онаа страна на реката, до царот Дарија.
7. Во соопштението, што го испратија до него, еве што беше напишано: "до царот Дариј - секаков мир!
8. Да знаеш, цару, дека ние бевме во Ерусалимската област при домот на великот Бог; го градат со големи камења, а во sидиштата ставаат дрвја; таа работа врви брзо и успева во рацете нивни.
9. Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‘Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправете овие sидови?‘
10. Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни, за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот ме у нив.
11. Тие ни одговорија со ове зборови: ‘Ние сме слуги на Бога на небото и земјата и градиме дом, што беше изграден многу години пред тоа, - а великиот цар Израилев го градеше и го доврши.
12. А кога татковците наши го разгневија Бога небесен, Он ги предаде во раката на Навуходоносора, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.
13. Но во првата година на Кира, царот вавилонски, цар Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;
14. уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, - цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Саванасар, управникот на ризницата,
15. и му рече: - земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.
16. Тогаш оној Саванасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.
17. И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот на царските сокровишта, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ја испратат царската воља за тоа."

  Ezra (5/10)