Ezra (3/10)  

1. Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веке беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим.
2. Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браката негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браката негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваа на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји.
3. Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејки се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни.
4. И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепаленици во определен број според уставот за секој ден.
5. Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше.
6. А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуват сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7. И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски.
8. На втората година по доа ањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни брака, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ке ги надгледуваа роботите при домот Господов.
9. И се зафатија Исус, синовите негови и браката негови, Кадмил и синовите негови, - синови Јудини - како еден човек за да ги надгледуваат рабониците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браката нивни - левитите.
10. Кога sидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити - синови Асафови - со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев.
11. И почнаа да пејат по ред "хвалете" и "славете Го Господа", "зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века." И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејки Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12. Ме утоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикуваа силно од радост
13. И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку.

  Ezra (3/10)