Ezekiel (9/48)  

1. Извика на ушите Мои со силен глас и рече: "Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете."
2. И ете, шестмина лу е влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а ме у нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сапфир и дојдоа, па застанаа до бакарниот жртвеник.
3. И славата на Бога Израилев се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог човекот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас.
4. И му рече Господ: "Мини по средината на градот, по средината на Ерусалим, и стави им знак на челата од лу ето, оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат во него."
5. А на оние чув да им каже: "Одете по него во градот и убивајте; вашето око да не жали, и не штедете:
6. старец, момче и девојка, младенец и жена, бијте ги до смрт, но не гибајте ни еден од лу ето кои имаат знак, а почнете од моето светилиште." И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот.
7. И им рече: "Осквернете го домот, наполнете го дворовите со убиени и излезете." Тие излегоа и почнаа да убиваат по градот.
8. А кога убиваа, јас останав и паднав ничкум, извикав и реков: "О, Господи, зар ке го истребиш сиот остаток на Израилот, изливајки го гневот Свој врз Ерусалим!"
9. И ми рече Он: "Бесчестието на домот Израилев и Јудин е многу големо; и оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда; оти тие велат: ‘Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа.‘
10. Затоа и окото мое нема да ги пожали и нема да се смилува; делата нивни ке ги свртам врз нивните глави.
11. И ете, човекот, облечен во ленена облека и со мастилница на појасот, одговори и рече: ‘Извршив како што ми заповеда‘."

  Ezekiel (9/48)