Ezekiel (8/48)  

1. Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господа Бога.
2. И погледнав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре - некаква светлина слична на светлина од пламен.
3. И како да ја протегна раката свој и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна ме у земјата и небото и ме занесе во Божји виденија во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, свртена кон север каде што беше поставен идолот на ревноста, кој побудува ревност.
4. И, ете, таму беше славата на Бога Израилев, слична на онаа каква што видов во полето.
5. И ми рече: "Сине човечки, подигни ги очите свои спрема север!" Ги подигнав очите свои спрема север, а од северната страна при вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на ревноста.
6. И ми рече Он: "Сине човечки, гледаш ли што прават; ги гледаш ли големите гадотии, што се вршат тука во домот Израилев, за да се оддалечат од Моето светилиште. Но сврти се, и ке видиш уште поголеми одвратности."
7. И ме доведе при влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во sидот.
8. И ми рече: "Сине човечки, копни во sидот." Јас копнав во sидот и ете таму видов некаква врата.
9. И пак ми рече: "Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму."
10. Влегов и гледам, а тоа секакви изобразени животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израилев, насликани по sидовите наоколу.
11. И седумдесетмина мажи од старешините на домот Израилев стојат пред нив, а Језаниј, синот Сафониев, поме у нив; и кај секого од нив во раката - кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре.
12. И ми рече: "Гледаш ли, сине човечки, што прават во темнина старешините на домот Израилев, секој во својата изнашарена соба, оти велат: "Не не гледа Господ, Господ ја остави оваа земја."
13. И пак ми рече: "Сврти се и ке видиш уште поголеми гадотии, што ги прават тие."
14. И ме доведе до влезот на вратата од домот Господен, кој е кој север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуза,
15. и ми рече: "Гледаш ли, сине човечки, сврти се и ке видиш уште поголеми гадотии."
16. Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господен, а таму пред вратата на храмот Господен, ме у тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господен, а со лицето кон исток и се клањаат на сонцето спрема исток.
17. И ми рече: "Гледаш ли, сине човечки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои.
18. Затоа и Јас ке почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои - нема да ги чујам."

  Ezekiel (8/48)