Ezekiel (7/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Ти, сине човечки, кажи - така вели Господ Бог - свршеток на земјата Израилева; дојде свршетокот на сите четири краишта земни.
3. Ете, дојде свршетокот за тебе; и ке го пратам врз тебе гневот Свој, и ке ти судам според патиштата твои, и ке ги натоварам врз тебе сите гадотии.
4. И окото Мое нема да те зажали и нема да се смилувам, но ке ти платам според твоите патишта, гадотиите твои ке бидат со тебе и ке разберете дека Јас сум Господ.
5. Така вели Господ Бог: беда единствена, ете иде бедата.
6. Свршетокот дојде, дојде свршетокот, се крена против тебе: ете дојде.
7. Дојде напаста до тебе, жителу на овој крај, иде време, се приближува денот на смутот, а не на весели повици по планините.
8. Ете, наскоро ке ја излеам врз тебе јароста Своја и ке го завршам гневот Свој врз тебе, ке ти судам според твоите патишта ке ги натоварам врз тебе сите твои гадотии.
9. И окото Мое нема да те пожали, и нема да се смилува. Според твоите патишта ке ти отплатам, и твоите гадотии ке бидат со тебе; и ке узнаете, дека Јас сум Господ, Кој казнува.
10. Ете го денот, еве дојде, настапи напаста, процути жезалот, гордоста пупи.
11. Силата станува против жезалот на беззаконието: ништо нема да остане од нив, - ни од богатството нивно, ниту од шумата нивна, ниту, пак, од раскошот нивни.
12. Дојде времето, настапува денот: купувачу, не радувај се, продавачу не плачи, зашто гневот е врз нив сите.
13. Оти, кој продал, нема да се врати при продаденото, макар да останал жив; бидејки пророчкото видение за целото нивно множество нема да се одмени, и никој со беззаконието свое нма да го зацврсти животот свој.
14. Трубат со трубата и се се готви, но никој не оди во војна; оти Мојот гнев е врз сето нивно множество.
15. Надвор од куката - меч, а во куката - помор и глад. Кој се нао а во полето, од меч ке умре, а кој е во градот, него гладот и поморот ке го проголта.
16. А спасените од тоа ке избегаат и ке бидат во планините како гулаби од долина; сите тие ке стенкаат, секој за своето беззаконие.
17. На сите рацете ке им опаднат, и на сите колената ке им затреперат како вода.
18. Тогаш ке се опашат во врекишта и трепет ке ги опфати; и лицето на сите ке ги покрие срам и на главите - нивни ке има келавост.
19. Среброто ке си го исфрлаат по улици и златото нема да го почитуваат. Среброто нивно и златото нивно нема да биде во сила да ги спаси во денот на Господовата јарост. Тие нема да ги наситат со нив душите свои, и нема да ги наполнат утробите свои бидејки тоа беше причина за нивниот грев.
20. И со убавиот накит свој тие се гордееја и правеа уметнички творби за гадотиите свои со идоли; затоа ке го направам нечисто за нив.
21. И ке го дадам како плен во рацете на ту инци и на грешници земни, за да го разграбаат, и тие ке се осквернат.
22. И ке го одвратам од нив лицето Свое и ке го осквернат Моето сокриено место; и ке влезат таму грабители и ке го осквернат.
23. Проготвив вериги, оти таа земја е полна со крвави злодејства, и градот е полн со насилие.
24. Јас ке доведам најлоши народи и тие ке ги завладеат домовите нивни. И ке ставам крај на гордоста кај силните, и ке бидат осквернети и светињите нивни.
25. Иде погибелта; ке бараат мир и нема да го најдат.
26. Беда ке следува по беда и вест по вест; и ке бараат од пророкот видение и нема да има наука кај свештениците и совет кај старците.
27. Царот ке тажи, и кнезот ке се облече во ужас, и рацете на народот во земјата ке треперат. Kе постапам со нив според нивните патишта, според нивниот суд ке ги судам; и ке узнаат, дека Јас сум Господ."

  Ezekiel (7/48)