Ezekiel (6/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, сврти го лицето свое кон горите Израилеви и пророкувај против нив,
3. и кажи - планини Израилеви, чујте го словото на Господа Бога. Вака им вели Господ Бог на горите и на ридовите, на долините и на долиштата: "Еве, Јас ке испратам меч врз вас, и ке ги кутнам вашите идолски светилишта;
4. и жртвениците ке ви бидат опустошени, и столбовите во чест на сонцето ке бидат искршени, и вашите убиени ке ги фрлам пред вашите идоли;
5. ке ги поставам труповите на синовите Израилеви пред нивните идоли, и ке ги расфрлам коските ваши околу вашите жртвеници.
6. Насекаде, каде што живеете, градовите ке ви бидат опустошени и идолските светилишта разурнати, за да бидат опустошени и уништени вашите жртвеници, за да бидат разбиени и уништени вашите идоли и искршени вашите сончеви столбови, и да ги снема делата од вашите раце.
7. Ме у вас ке има убиени, и ке узнаете дека Јас сум Господ.
8. Но Јас ке го запазам остатокот, така што ме у народите ке останат од вас што избегнале меч, кога ке бидете расеани по земјите.
9. И спасените ваши ке се сетат за Мене ме у народите каде што ке бидат одведени во ропство, кога ке им го скршам блудното срце, кое се одметна од Мене, и очите нивни, што блудствуваа ме у идолите; тогаш тие ке почувствуваат одвратност спрема себеси за злото што го вршеле во сите градови свои;
10. и ке разберат дека Јас сум Господ; и дека не залудо зборував, оти врз нив ке испратам таква беда."
11. Вака вели Господ Бог: "Плесни со рацете свои, тропни со ногата своја - тешко за сите поради одвратните злодејанија на домот Израилев; ке паднат тие од меч, глад и помор.
12. Кој е далеку, ке умре од помор, а кој е близу - ке падне од меч; а оној што ке остане и избегна, од глад ке умре; така ке заврши гневот Мој врз нив.
13. Kе разберат, дека Јас сум Господ, кога поразените ке лежат ме у своите идоли околу жртвениците нивни, на секој висок рид, на секој планински врв, под секое зелено дрво и под секој разгренет даб, таму каде што им принесуваа багопријатни кадива на своите идоли.
14. И ке ја протегнам врз нив раката Своја и ке ја направам земјата пустиња и степа повеке од пустињата Дивлат, насекаде, каде што живеат, и ке познаат, дека Јас сум Господ."

  Ezekiel (6/48)