Ezekiel (48/48)    

1. А ова се имињата на колената. На север, по патот што води од Хетлон за Емат и Хацар Енон, на ме ата ме у Дамаск и Емат, сето тоа од исток па се до морето е еден дел за Дан.
2. А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асира.
3. Од границата, пак, на Асира, од источниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталима.
4. До границата на Нефталима, од источниот крај па се до западниот, тоа е еден дел за Манасија.
5. До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрема.
6. До границата на Ефрема, од источниот крај па се до западниот, тоа е еден дел за Рувима.
7. До границата на Рувима, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда.
8. А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет иљади трски и долг колку што се и другите делови, од исток па се до запад? Во средината негова се нао а светилиштето.
9. Делот што е посветен за Господа ке биде долг дваесет и пет иљади трски, а широк десет иљади.
10. И тој свештен дел треба да им припа а на свештениците, кој е од северната страна долг дваесет и пет иљади лакти, а од кај морето - широк десет иљади, и од кај исток - широк десет иљади, а од кај југ долг ке биде дваесет и пет илајди, додека спроти него ке биде поставено светилиштето на Господа.
11. Дајте им го тоа на свештениците од синовите на Садока, што Ми стоеја на стража, кога отстапуваа синовите Израилеви, но тие не отстапија од Мене, како што отстапија другите левити.
12. Ним ке им припадне тој дел од свештената земја, Свјатаја Свјатих, во пределот на левитите.
13. И левитите ке добијат во свештеничкиот дел дваесет и пет иљади трски надолж и десет иљади нашир; целата должина ке е дваесет и пет иљади трски, и ширина десет иљади.
14. Од тој дел тие не можат ни да продаваат, ниту да сменуваат; и првините од земјата не можат да ги пренесуваат на други, зашто тоа е светиња Господова.
15. А дргите пет иљади лакти во ширина од дваесет и пет иљади и во должина - пет иљади, ке се определат за општа употреба на градот, за населби и за предградија; градот ке биде во средината.
16. А еве ги мерките - од северната страна четири иљади и петстотини трски, од јужната четири иљади и петстотини, од источната четири иљади и петстотини и од западната страна - четири иљади и петстотини.
17. Предградието, пак, на градот ке биде двесте и педесет лакти од север, двесте и педесет од исток, двесте и педесет од југ и двесте и педесет од запад.
18. А она што ке преостане од должината спроти свештениот дел - десет иљади спрема исток и десет иљади спрема запад, спроти свештениот дел, ке биде земја, чии производи ке служат за исхрана на работниците во градот.
19. Во градот ке можат да работат работници од сите Израилеви колена.
20. Одвоениот дел од дваесет и пет иљади лакти во должина и дваесет иљади во ширина, четириаголен, определете го како свештен дел, вклучувајки ги во него и владенијата на градот.
21. А се што ке остане, да биде за кнезот. Како откај свештеникот дел, така исто и откај владенијата на градот, спроти дваесет и петте иљади трски до источната гарница, на делот, и на запад спроти дваесет и петте иљади лакти на западната граница, сразмерно со сите делови е делот на кнезот, така што свештениот дел и светилиштето да бидат во средината негова.
22. А она што ке остане од левитските владенија и од владенијата на градот во средината, ке му припадне исто така на кнезот: ме у границата на Јуда и ме у границата на Венијамина.
23. Остатокот, пак, од колената, од источниот крај до западниот - е еден дел за Венијамина.
24. До границата на Венијамина, од исток до запад, ке биде еден дел за Симеона.
25. До границата на Симеона, од исток па до запад, тоа ке биде еден дел за Исахара.
26. До границата на Исахара, од источниот крај па до западниот, ке е еден дел за Завулона.
27. До границата на Завулона, од исток па до запад, еден дел за Гада.
28. А до границата на Гада, од јужната страна, се протега јужниот крај од Тамара до водите на Мерива во Кадис, по должината на потокот се до големото море.
29. Ете, тоа е земјата што со жреб ке ја разделите ме у Израилевите колена, и тоа се деловите, вели Господ Бог.
30. А ова се излезите на градот: од северната страна - четири иљади и петстотини мерки,
31. и портите на градот се именувани со имињата на колената Израилеви: од северната страна три порти - Рувимова, Јудина, Левиева.
32. И од источната страна - четири иљади и петстотини мерки, со три порти - Јосифова, Венијаминова, Данова.
33. И од јужната страна - четири иљади и петстотини мерки, со три порти: Симеонова, Исахарова и Завулонова.
34. Од страната на морето, пак, - четири иљади и петстотини мерки, и три порти: Гадова, Асирова и Нефталимова.
35. А мерката наоколу ке изнесува осумнаесет иљади. И градот од тој ден ке се именува: "Господ е таму".

  Ezekiel (48/48)