Ezekiel (47/48)  

1. Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, бидејки храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот.
2. Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.
3. Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше врвца; тогаш тој измери иљада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.
4. Потоа измери уште иљада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште иљада лакти и ме преведе преку: водата беше длабока до појасот.
5. И пак измери уште иљада лакти, а таму веке имаше поток, преку кој јас не можев да минам, бидејки водата беше толку висока, што требаше да пливам, оти тој поток не можеше да се прегази.
6. Па ми рече: "Виде ли, сине човечки?" Потоа ми поведе назад кон брегот на потокот.
7. А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.
8. И ми рече: "Ова вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во рамнината и потоа ке се влива во морето; и водите на потокот ке бидат здрави.
9. И секое живо суштество, што ке се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ке биде здраво; и риби ке има таму многу, зашто таа вода ке се влива таму; и водите на морето ке станат здрави, и каде што ке се влива тој поток, таму се ке биде живо.
10. И до него ке стојат рибари од Ен - Гади до Еглаим, ке фрлаат мрежи. Kе има секаков вид риба, како и во големото море, и ке има многу, многу риба.
11. Калиштата и барите негови, што нема да стана здрави, ке бидат оставени за сол.
12. По бреговите на потокот од едната и од другата страна ке растат секакви дрвја, што ке даваат храна; лисјата нивни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ке зреат нови, оти водата од светилиштато тече за нив; плодовите нивни ке служат како храна, а лисјата нивни - за лек.
13. Вака вели Господ Бог: "Еве ја распределбата, според која вие ке треба да ја разделите земјата во наследство поме у дванаесетте Израилеви колена - на Јосифовите два дела.
14. Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ке им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ке ви биде наследство.
15. А еве ја границата на земјата: од север, почнувајки од големото море, преку Хетлон, по патот за Цедад,
16. Емат, Берот, Сивраим, што се нао а ме у областа на Дамаск, и Емат, Хацар Тихон, кој се нао а на Авранската граница.
17. И границата од морето ке биде до Хацар Енон, границата со Дамаск и понатаму на север се до областа Емат: тоа ке биде северниот крај.
18. Од источната страна повлечете црта ме у Авран и Дамаск, ме у Галад и земјата Израилева, по реката Јордан се до морето источно: тоа е источната граница.
19. А од јужната граница спрема југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, се по должината на потокот до големото море: тоа е јужната граница.
20. Западната граница ке биде великото море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.
21. Разделете си ја таа земја на делови според Израилевите колена.
22. А разделете ја со жреб како наследство свое и наследство на другоземци, што живеат при вас, и кои родиле деца при вас, па и тие нека се сметаат како ту оземци, и да имаат дел од наследството ме у колената Израилеви.
23. При чие колено живее ту оземец, при него дајте му и негово наследство, вели Господ Бог.

  Ezekiel (47/48)