Ezekiel (45/48)  

1. Кога со жреб ке ја делите земјата на делови, одделете свет дел за Господа - дваесет и пет иљади лакти во должина и десет иљади лакти во ширина; тоа место да биде свето како целина наоколу.
2. Од него до светилиштето да има четириаголник, по петстотини лакти наоколу и околу него, со плоштадка од педесет лакти.
3. Според таа мерка измери дваесет и пет иљади трски надолж и десет иљади трски по ширината, каде што ке се нао а светилиштето, Свјатаја Свјатих.
4. Тој дел од светата земја ке им припа а на свештениците, служители на светилиштето, кои ке пристапуваат да Му служат на Господа; тоа место ке биде место за куки и светиња за светилиштето.
5. Дваесет и пет иљади трски по должина и десет иљади трски по ширина, ке им припа а на левитите, служители на храмот, како нивно владение, каде што ке живеат.
6. Дајте му и на граодт владение од пет иљади трски нашир и дваесет и пет иљади трски по должина, спроти светото место, определено за Господа; тоа ке му припа а на сиот дом Израилев.
7. И за кнезот определете дел од едната и од другата страна, до светото место, определено за Господа, како и до владението на градот, кон запад од западната страна и кон исток од источната страна, во должина еднаква со еден од оние делови од западниот до источниот крај.
8. Тоа ке биде негова земја, негово владение во Израилот, така што во иднина кнезовите Мои да не го притеснуваат народот Мој, и земјата да ја раздаваат на домот Израилев според колената негови.
9. Така вели Господ Бог: кнезови Израилеви, доста беше ова, оставете ги насилијата и принудувањата, а вршете суд и правда; престанете да го изгонувате народот Мој од владенијата негови, вели Господ Бог.
10. Имајте иста мерка, вистинска ефа и прав бат.
11. Ефата и батот треба да бидат еднакви, така што батот да содржи една десетина хомер, а и ефата една десетина хомер; мерката нивна треба да се определува според хомерот.
12. Во една силка треба да се содржат дваесет гери; а дваесет силки, дваесет и пет сикли и петнаесет сикли треба да ви претставуваат една мина.
13. Ете, тоа е данокот што ке му го давате на кнезот; шести дел од ефа хомер пченица и шести дел од ефа хомер јачмен;
14. а мерката за елејот е: една десетина елеј бат од кор, кој е хомер, што изнесува десет бата;
15. по една овца на стадо од двесте овци, од богатото пасиште на Израилот; сето тоа ке биде дар за лебен принос, за сепаленица и за благодарствена жртва, поради нивното очистување, вели Господ Бог.
16. Сиот народ од земјата должен е да го дава тој принос за кнезот во Израилот.
17. А кнезот е должен да принесува сепаленици и лебен принос, прелив на празници, во новомесечијата и во саботите за време на сите прослави во домот Израилев; тој ке треба да принесува жртви за грев и лебен принос, сепаленици и благодарствени жртви за очистување на домот Израилев.
18. Така вели Господ Бог: во првиот месец, на првиот ден од месецот, земи од стадото волови јунец без недостаток и очисти го светилиштето.
19. Свештеникот нека земе крв од таа жртва за грев и со неа нека ги пороси довратниците на храмот и рамнинката на жртвеникот на четирите агли, а и довратниците на внатрешниот двор.
20. Тоа исто направи го и во седмиот ден од месецот за оние кои смислено и по простотилак грешат, па така очисти го храмот.
21. На четиринаесеттиот ден од првиот месец треба да празнуваш Пасха, седмодневен празник кога ке се јадат бесквасници.
22. Во тој ден кнезот ке принесе за себе и за сиот народ во земјата жртва - еден јунец за грев.
23. И во тие седум дена на празникот тој ке Му принесува на Господа сепаленица секој ден, по седум јунци и по седум овни без недостаток, а и жртва за грев секој ден - по еден козел од стадото кози.
24. Лебен приност ке принесува по ефа на јунец и по ефа на овен, и елеј по хин од ефа.
25. Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден од месецот, на празникот, во текот на седумте дена тој треба да принесува исто таква жртва за грев, таква сепаленица, и толку лебен принос и толку елеј.

  Ezekiel (45/48)