Ezekiel (41/48)  

1. Потоа ме воведе во храмот и ги измери столбовите: по шест лакти широки од едната страна и по шест лакти широки од другата страна, колку што беше широка скинијата.
2. Вратите беа широки по десет лакти, а страните на вратите по пет лакти од едната и по пет лакти од другата страна, а должината на храмот четириесет лакти, додека широчината му беше дванаесет лакти.
3. И влезе внатре, па ти измери столбовите покрај вратите - по два лакта, и вратите - по шест лакти, додека широчината на вратата е седум лакти.
4. Го измери храмот - дванаесет лакти надолж и днаесет лакти широк, па ми рече - тоа е Свјатаја Свјатих.
5. Го измери sидот на храмот - шест лакти, а широчината на собите околу храмот - по четири лакти.
6. Странични соби имаше триесет и три, соба под соба: тие се нао аа во sидот, што беше околу храмот што беше врска со него но не се допираа до sидовите на самиот храм.
7. И храмот се повеке се ширеше наоколу над станичните соби, зашто кругот негов се издигаше се погоре и погоре наоколу, па затоа храмот беше многу поширок горе, оти искачувањето од долниот кат се до горниот минуваше преку средниот.
8. И го видов врвот на храмот наоколу; неговите странични соби во својата овнова имаа мерка - една трска; шест полни лакти.
9. Ширината на sидот од станичните соби, што се издаваа надвор - пет лакти, а по страничните соби на храмот постоеше слободен простор.
10. И ме у собите имаше растојание - по дваесет лакти околу целиот храм.
11. Вратите на страничните соби водеа во слободниот простор, една врата кон северната страна, а другата врата кон јужната страна; широчината на тој слободен простор беше пет лакти наоколу.
12. Зградата пред плоштадот од западната страна беше широка седумдесет лакти; sидот на таа зграда пет лакти широк наоколу, а долг беше деветнаесет лакти.
13. Го измери тој храмот - сто лакти должина, а плоштадот и одделенијата и страните нивни, исто така со должина од сто лакти.
14. И ширината на храмот од кај предната страна на плоштадот спрема исток - пак сто лакти.
15. Потоа ја измери должината на зградата пред плоштадот од задната страна со страничните одделенија од едната и од другата страна - по сто лакти, од внатрешноста на храмот и тремовите на дворот.
16. Праговите, прозорците решетчести и страничните соби наоколу, на сите три ката спроти праговите беа обложени со дрво од подот до прозорците; прозорците беа затворени.
17. Од горниот дел на вратата како одвнатре на храмот така и однадвор и по целиот sид наоколу, одвнатре и однадвор имаше фигури резбарени;
18. беа направени херувими и палми: палма ме у двата хреувима и при секој херувим - по две лица.
19. Од едната страна кон палмата имаше свртено човечки лице, а од другата страна кон палмата - лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу.
20. Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по sидовите на храмот.
21. Во храмот имаше четириаголни довратници, а и на светилиштето исто така довратници слични какви што сум видел.
22. Жртвеникот беше дрвен - три лакти висок и два лакти долг; и аглите негови и подножјата негови и страните негови беа од дрво; па ми рече тој - тоа е трпезата што е пред Господа.
23. Во храмот и во светилиштето имаше по две врати.
24. Вратите имаа по две крила; и двете крила беа подвижни - по две крила кај едната врата и по две крила кај другата врата;
25. на тие врати беа направени херувими и палми, исто така изработени какви што беа по sидовите; а пред тремот однадвор имаше дрвен под.
26. А решетчести прозорци и палми имаше од едната страна и од другата страна по страните на тремот и на околните храмови соби, а и по гредите.

  Ezekiel (41/48)