Ezekiel (4/48)  

1. "А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;
2. и постави опсада околу него, направи тврдина спрема него, направи и насипи околу него, постаи логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање sидови.
3. Потоа земи железна плоча и постави ја како железен sид ме у себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ке биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ке биде знак за домот Израилев.
4. Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израилев; според бројот на деновите, - сто и педесет - во кои ке лежиш врз неа, толку ке го носиш беззаконието нивно.
5. А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновте; триста и деведесет денови ке го носиш беззаконието на домот Израилев.
6. И кога ке ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив.
7. Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.
8. Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ке можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.
9. Земи си пченица и јачмен, боб и лека, просо и ‘рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ке лежиш на страната своја, триста и деведесет денови ке ги јадеш.
10. И јадењата, со кои ке се храниш, јади ги со мерка, по дваесет сикли на ден; одвреме навреме јади го тоа.
11. И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.
12. А ке ги јадеш јачмените питки и печи ги пред нивните очи на човечко убре."
13. И рече Господ: "Израилевите синови така ке јадат нечист леб ме у оние народи, кај кои ке ги прогонам."
14. Тогаш реков: "О, Господи Боже, душата моја никогаш не се осквернила и од младини па се досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од sвер; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја."
15. И ми рече Он: "Ти дозволувам место човечко убре, земи говедско убре, и на него печи го лебот свој."
16. И пак ми рече: "Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ке ја скршам лебната потпора, и ке јадат леб со мерка и во жалост, и вода ке пијат со мерка и во тага,
17. зашто при нив ке снема леб и вода, и тие со ужас ке се гледаат еден со друг и ке умрираат во беззаконието свое."

  Ezekiel (4/48)