Ezekiel (39/48)  

1. Ти, сине човечки, изречи пророштво против Гога и кажи - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал.
2. Kе те вратам и ке те поведам, ке те изведам од северните предели и ке те доведам на планините Израилеви.
3. Kе го исфрлам лакот од твојата лева рака и ке ти ги исфрлам стрелите од твојата десна рака.
4. Kе паднеш на Израилевите планини, ти и твоите полкови и народите што ке бидат со тебе; ке дозволам да те изедат секакви грабливи птици и sверови полски.
5. Kе паднеш на откриено поле, оти Јас го реков тоа, вели Господ Бог.
6. И ке испратам оган врз земјата Магог и врз жителите на островите, кои живеат безгрижно, па ке познаат дека Јас сум Господ.
7. Kе го покажам Своето свето име ме у Мојот народ, Израилот, и нема веке да дозволам во иднина да се обеславува името Мое, свето, па ке познаат народите дека Јас сум Господ, Светецот Израилев.
8. Ете, тоа ке дојде и ке се збиден, вели Господ Бог, тоа е денот, за кој ви зборував.
9. Тогаш жителите на градовите Израилеви ке излезат, ке запалат оган и ке го изгорат оружјето, штитовите и железните ризници, лаковите и стрелите, боздоганите и копјата: седум години ке ги горат.
10. И нема да носат дрва од полето, ниту пак ке сечат од горите, туку ке го горат само оружјето; ке ги ограбат своите грабители и ке ги оберат своите обирачи, вели Господ Бог.
11. Во тој ден ке му дадам на Гога место за гробница при Израилот во долината на патниците, источно од морето, и таа таму ке ги задржува патниците: таму ке го погребуваат Гога и сета негова војска, а ке ја наречат долината на Гоговиот народ.
12. Домот Израилев ке ги погребува седум месеци, за да ја очисти земјата.
13. И сиот народ од земјата ке ги погребува, и за нив тој ден ке биде знаменит, во кој Себе ке се прославам, вели Господ Бог.
14. И ке определат лу е, кои постојано ке го обиколуваат пределот и со помош на патниците да се погребуваат другите по лицето земјино, - за да ја очистат; по седум месеци тие ке почнат да бараат.
15. И кога некој од оние, што ке минуваат по земјата, ке види човечка коска, ке стави до неа знак, додека погребувачите не ја закопаат во долината на Гоговата војска.
16. Името на градот ке му биде пак - Хамона (народ). Така ке го очистат тие пределот."
17. А ти, пак, сине човечки, - така вели Господ - кажи им на сите видови птици и на сите sверови полски: соберете се и дојдете, побрзајте од сите краишта кон Мојава жртва, што Јас ке ја заколам за вас, кон големата жртва на планините Израилева, и ке јадете месо и ке пиете крв;
18. месо од силни мажи ке јадете и ке пиете крв од кнезови земни, од овни, од јагниња, од козли и од телиња - сите тие се згоени во Васан,
19. ке јадете мрс до наситување и ке пиете крв до опивање од Мојата жртва, што Јас ке ја заколам за вас.
20. И на Мојата трпеза ке се наситите на коњи и коњаници, на мажи силни, на секаков вид воени лица, вели Господ Бог.
21. Kе ја покажам славата Своја, ме у народите и сите народи ке го видат Мојот суд, што Јас ке го одржам, и Мојата рака, што Јас ке ја кренам врз нив.
22. И ке узнае домот Израилев дека Јас сум Господ Бог нивни од денес и натаму.
23. Kе познаат народите дека домот Израилев беше преселен поради својата неправда; оти тие постапија вероломно пред Мене, Јас го сокрив од нив лицето Мое и ги предадов во рацете на непријателите нивни, и тие сите паднаа од меч.
24. Поради нечистотиите нивни и поради гревовите нивни Јас го направив тоа со нив и го сокрив од нив лицето Мое.
25. Затоа вака вели Господ Бог: сега ке ги вратам плениците на Јакова, ке се смилувам над сиот дом Израилев и ке бидам ревнив на името Мое свето.
26. Па ке го почувствуваат тие своето бесчестие и сите свои беззаконија, што ги вршеа пред Мене, додека уште живееја во земајта своја во мир, ке заживеат спокојно, и немаше никој да ги заплашува.
27. кога ке ги вратам од кај народите и ги соберам од земјите на нивните непријатели и ја покажам во нив светоста Моја пред очите на многу народи.
28. И ке познаат дека Јас сум нивниот Господ Бог, Кој откако ги растурив ме у народите, одново ке ги соберам во нивната земја и нема да оставам таму ниту еден од нив.
29. И веке нема да го сокривам лицето Свое од нив, затоа што ке излеам Јас од Мојот дух на домот Израилев, вели Господ Бог.

  Ezekiel (39/48)