Ezekiel (38/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гога во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Месех и Тувал, изречи пророштво против него.
3. И кажи им - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал.
4. Kе те вратам и ке ставам алка на твојата челуст; ке те изведам тебе и сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви.
5. Персијанците, Етиопите и Либијците со нив, сите со штитови и со шлемови.
6. Гомера со сите чети, домот на Тогарма од северните предели, со сите твои чети, многу народи со тебе.
7. Готви се и приготви се - ти и сите твои чети собрани при тебе и биди им водач.
8. По многу дни ти ке бидеш посетен; во последните години ке дојдеш во земја избавена од меч, собрана ме у многу народи на Израилевите планини, кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ке бидат повратени од кај народите, и сите тие ке живеат спокојно.
9. Па ке се кренеш како бура, ке тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу народи со тебе."
10. Така вели Господ Бог: "Во оној ден ке ти дојдат на срцето мисли и ти ке помислиш да направиш нешто лошо.
11. И ке речеш: ‘ке се кренам против неоградена земја, ке појдам против мирните кои живеат безгрижно - сите тие живеат без sидови и при нив нема ни резиња, ни порти,
12. за да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини и врз народ собран од кај народите, што се занимаваа со стопанство и трговија, кој живее во папокот на земјата.‘
13. Сава и Дедан и тарсиските трговци со сите нивни млади лавови ке ти речат: ‘Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато, да одземеш добиток и имот, да заграбиш голем плен.‘"
14. Затоа изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на Гог - вака вели Господ Бог: "Па зар не ти е познато дека во оној ден народот Мој Израилот ке заживее во мир?
15. И ке тргнеш од твоето место, од северните предели, ти и многу народи со тебе сите на коњи, голем собир и многубројна војска.
16. И ке се кренеш против Мојот народ, против Израилот, како црн облак, за да ја покриеш земјата: тоа се ке биде во последните дни, и Јас ке те доведам во Мојата земја, та народите да Ме познаат кога ке се појавам над тебе, Гог, Мојата светост пред очите нивни."
17. Така вели Господ Бог: "Не си ли ти оној, за кого зборував во дамнешните дни преку Моите слуги, пророците Израилеви, кои пророкуваа тогаш дека Јас ке те доведам против нив?
18. Во оној ден, кога ке дојде Гог против Израилевата земја, вели Господ Бог, Мојот гнев ке пламне во Мојата јарост.
19. И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ке настане голем потрес во земјата Израилева.
20. И од лицето Мое ке затреперат рибите морски и птиците небески, и sверовите полски и се што се влече и лази по земјата, и сите лу е, што се нао аат на земјата; ке се соборат планини, ке попа аат карпи и сите sидови ке паднат на земја.
21. И по сите Мои планини ке повикам меч против него, вели Господ Бог; мечот на секој човек ке биде против братот негов.
22. И ке му судам преку помор и крвопроливање ке излијам врз него и војските негови и врз многуте народи, што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур.
23. Kе го покажам Моето величие и Мојата светост и ке се појавам пред очите на многу народи - и тие ке познаат, дека Јас сум Господ."

  Ezekiel (38/48)