Ezekiel (37/48)  

1. И би раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето - а тоа беше полно со коски,
2. и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви.
3. И ми рече: "Сине човечки, ке оживеат ли овие коски?" И реков: "Господи Боже, Ти го знаеш тоа."
4. Па ми рече - изречи пророштво за тие коски и кажи им: "Коски суви, чујте го словото Господово!"
5. Така им вели Господ Бог на оние коски - еве, Јас ке внесам во вас дух и вие ке оживеете.
6. Kе ви дадам жили, ке направам на вас да израсне месо, ке ве покријам со кожа и ке вдахнам во вас дух, па ке оживеете и ке познаете, дека Јас сум Господ. -
7. Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска.
8. И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив.
9. Тогаш Он ми рече - изречи пророштво за духот, изречи пророштво сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие убиени и тие ке оживеат.
10. И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Он и влезе во нив дух - и тие оживееја и се исправија на нозете свои - многу, многуброен народ.
11. Тогаш Он ми рече - сине човечки, овие коски се сиот дом Израилев. Ете, тие велат: "Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж - ние сме истргнати од коренот."
12. Затоа изречи пророштво и кажи им - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас ке ги отворам гробовите ваши и ке ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши и ке ве воведам во земјата Израилева.
13. И ке познаете, дека Јас сум Господ, кога ке ги отворам гробовите ваши и ке ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши.
14. Kе вдахнам во вас од Мојот дух и ке оживеете, ке ве населам во вашата земја, па ке познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Господ."
15. И би слово Господово до мене:
16. "Ти, сине човечки, земи жезал и напиши на него: ‘на Јуда и на синовите Израилеви, неговите сојузници‘, и пак земи друг жезал и напиши на него: ‘на Јосифа‘. Тоа е жезалот на Ефрема и на сиот Израилев дом, негов сојузник.
17. И соедини ги во себе еден со друг во еден жезал, така што во раката да бидат едно.
18. А кога те прашаат синовите на твојот народ: ‘нема ли да ни објасниш, што значи тоа?‘
19. тогаш речи им - така вели Господ Бог: "Еве, Јас ке го земам Јосифовиот жезал, кој е во раката на Ефрема и на неговите сојузници, Израилевите колена, и ке ги додадам кон него, кон жезалот на Јуда, и ке го направам еден жезал, и тие ке бидат едно во Мојата рака."
20. Кога, пак, двата жезла, на кои ке напишеш, ке бидат во твојата рака пред очите нивни,
21. тогаш кажи им - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас ке ги земам синовите Израилеви ме у народите, поме у оние, кај кои се нао аат, ке ги соберам сите и ке ги доведам во нивната земја.
22. Во таа земја по планините Израилеви Јас ке ги направам еден народ и еден цар ке биде цар над сите нив и нема да има повеке два народа, и нема повеке да се делат на две царства.
23. И нема веке да се осквернуваат со своите идоли, со своите гадотии и со разни свои пороци; ке ги извлечам од сите нивни живеалишта, каде што грешеле, и ке ги очистам, - и ке бидат Мој народ и Јас ке бидам нивни Бог.
24. А слугата Мој Давид ке биде Цар над нив и Пастир на сите нив; тие ке одат по Моите заповеди и уредбите Мои ке ги пазат, и ке ги исполнуваат.
25. Тие ке живеат во земјата, која му ја дадов на мојот слуга Јакова, во која живееја татковците нивни; таму ке живеат вечно, тие и децата нивни и внуците нивни; а Мојот слуга Давид ке биде кнез при нив засекогаш.
26. Kе склучам со нив завет за мир, вечен ке биде заветот со нив. И ке ги средам, ке ги размножам и ке го поставам ме у нив Моето светилиште засекогаш.
27. И при нив ке биде Моето живеалиште, па ке бидат нивни Бог, а тие ке бидат Мој народ.
28. И ке познаат народите, дека Јас сум Господ, Кој го осветува Израилот кога Моето светилиште ке биде поме у нив засекогаш."

  Ezekiel (37/48)