Ezekiel (33/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки: кажи збор кон синовите на твојот народ и речи им: ако пратам врз некоја земја меч и народот на таа земја ме у себе избере човек и го постави за стражар,
3. и тој, штом ке го види мечот кој се протега врз земјата, ке затруби во труба и ке го предупреди народот,
4. па, ако некој го чуе трубниот глас, но не се претпази тогаш кога ке дојде мечот и ке го достигне, крвта негова ке падне врз главата негова.
5. Трубниот глас тој го чул, но не се претпазил, па затоа крвта негова ке падне врз него; а кој ке се претпази, тој ке си го спаси животот.
6. Ако, пак, стражарот го види мечот што иде и не затруби со трубата, така што народот нема да биде предупреден, тоа тогаш, кога ке дојде мечот и некому ке му го одземе животот, тој ке биде погоден заради гревот свој, но крвта негова ке ја барам од стражарот.
7. И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар на домот Израилев: ти ке слушаш слово од Мојата уста и ке ги вразумуваш од Мене.
8. Кога ке му речам на грешникот: ‘грешнику, ти бездруго ке умреш‘, а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ке умре за својот грев, но крвта негова ке ја барам од раката твоја.
9. Ако, пак, беззаконикот си го предупредил, да се врати од својот пат, а тој не се одвратил од патот свој, тој ке умре за својот грев, но ти ке ја зачуваш душата своја.
10. Сине човечки, кажи му на домот Израилев - вие велите: ‘нашите престапи и нашите гревови се врз нас, и ние пропа аме во нив, како тогаш можеме да живееме?‘
11. Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате вие, доме Израилев?"
12. Сине човечки, кажи им на синовите од твојот народ; преведноста нема да го спаси преведникот во денот на неговиот престап, и грешникот поради беззаконието свое нема да падне во денот, кога ке се откаже од гревот свој, како и преведникот во денот, кога ке згреши, не ке може да остане ме у живите заради својата праведност.
13. Кога ке му речам на праведникот дека тој нема да биде жив, и тој се надева на својата праведност, па врши неправда, тогаш сите негови праведни дела нема да се спомнат, и тој ке умре од неправдата своја, што ја извршил.
14. А кога ке му кажам на грешникот: "бездруго ке умреш", и тој се откаже од гревовите свои, па врши суд и правда,
15. а, ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, - тогаш тој ке живее, нема да умре.
16. Ниеден од неговите гревови, што ги извршил нема да му се спомнат; тој почнал да врши суд и правда, тој ке биде жив.
17. Синовите на твојот народ велат: "не е прав патот на Господа", а всушност нивниот пат не е прав.
18. Кога праведникот ке отстапи од својата праведност и почне да врши беззаконие, тој ке умре заради тоа.
19. Кога, пак, грешникот ке се поврати од гревот свој и ке почне да врши суд и правда, заради тоа тој ке остане жив.
20. А вие велите: "не е прав патот на Господа!". Јас ке ви судам, доме Израилев, на секого од вас според патиштата негови.
21. Во дванаесеттата година од нашето преселување, десеттиот месец во петтиот ден од месецот, дојде при мене еден од избавените од Ерусалим и рече: "разрушен е градот!"
22. Но уште пред да дојде спасениот, вечерта беше раката Господова врз мене и Он ја отвори устата моја, пред да дојде оној утредента при мене; ми се отвори устата и јас веке не бев безгласен.
23. И би слово Господово до мене:
24. "Сине човечки, оние, што живеат во запустените места на земјата Израилева, зборуваат и велат: Авраам беше еден и ја наследи оваа земја; а ние сме многумина, па затоа нам ни е дадена оваа земја да ја владееме."
25. Затоа кажи им - вака вели Господ Бог: "Вие ке јадете со крв, ке ги кревате очите свои кон идоли и ке пролевате крв, а сакате да владеете со оваа земја?
26. Вие се потпирате на мечот свој, вршите гнасни работи, ја осквернувате жената на својот ближен и сакате да владеете со земјата?
27. Еве што ке им кажеш - така вели Господ Бог: жив сум Јас! Оние, што се по разорените места, ке паднат од меч; оние, пак, што се нао аат во поле, ке им дозволам на sверовите да ги изедат. Кои се, пак, во тврдините и по пештери, со смрт ке ги поразам.
28. И ке ја направам земјата пустиња над пустињите, о гордата мок нејзина ке престане, па ке запустат планините Израилеви, така што не ке има кој да минува преку нив.
29. И ке познаат тогаш, дека Јас сум Господ, кога ке ја направам земјата пустиња над пустињите заради сите нивни гнасни дела, што ги извршиле.
30. А за тебе, сине човечки, синовите од твојот народ прикажуваат покрај sидовите и пред портите на куките, и си велат еден на друг, брат на брат: ‘Одете и послушајте какво слово дојде од Господа!‘
31. И тие ке доа аат при тебе како на собрание народно и Мојот народ ке седи пред лицето твое и ке ги слуша зборовите твои, но нема да ги извршува; оти тие од тоа во устата своја си прават шеги, а срцето нивно се вовлекува по нивната лакомост.
32. Па, ете, за нив ти си пеач со пријатен глас и кој убави свири: тие ги слушаат твоите зборови, но не ги исполнуваат.
33. А кога ке дојде тоа, - а, еве, веке иде, - тогаш ке познаат, дека ме у нив имало пророк."

  Ezekiel (33/48)