Ezekiel (31/48)  

1. Во единаесеттата година, третиот месец, на привиот ден од месецот, би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, кажи му на Фараонот, египетскиот цар и на народот негов - со кого се споредуваш ти во твоето величие?
3. Ете, Асур беше кедар ливански со убави гранки, искитен и висок; врвот негов - ме у густи облаци.
4. Водите го правеа да расте, бездната го издигаше, реките го опкружуваа неговиот корен и тој ги ширеше потоците свои кон сите полски дрвја.
5. Затоа височината негова ги надминуваше висините на сите полски дрвја; на него имаше многу гранки; ветките му се умножуваа и гранките стануваа долги од многу вода кога растеше.
6. Во неговите гранки секакви небески прици си правеа гнезда, а под гранчињата негови се ра аа мали од секаков вид полски sверови, додека под сенката негова живееја многубројни народи.
7. Тој се разубавуваше со својот висок раст, со долгите гранки, затоа што коренот му се нао аше покрај големи води.
8. Кедрите во Божјата градина не го засенуваа; кипарисите не се изедначуваа со неговите гранки, и јаворите не беа толку високи колку неговите врвови; ниедно дрво во Божјата градина не можеше да се споредува со него по убавината своја.
9. Јас го украсив со многуте гранки, така што сите едемски дрвја во Божјата градина му завидуваа."
10. Затоа, така вели Господ Бог: "Бидејки израсна висок и се издигна врвот негов ме у дебелите гранки, и срцето му се возгордеа од неговата големина,
11. затоа јас го предадов во рацете на сопственикот на народите; тој постапи со него како што требаше да постапи; но поради неговото беззаконие Јас го отфрлив.
12. И го исекоа ту инците, најлути ме у народите, па го соборија; гранките негови па аа по горите и по сите долини се кршеа неговите гранчиња по сите полиња, а од неговата сенка избегаа сите народи од земјата и го оставија.
13. На неговото паднато стебло се сместија многу небески птици, а ме у гранките - секакви полски животни.
14. Тоа се стана, за да не се гордеа со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; оти сите тие ке бидат предадени на смрт во пеколот заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб."
15. Вака вели Господ Бог: "Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната поради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него.
16. Се затресоа од неговото па ање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода;
17. оти и тие слегоа со него во бездната при убиените со меч, како и неговите сојузници што живееја под сенката негова ме у народите.
18. Па така со кое ли од едемските дрвја се споредуваш ти по слава и величина? Но, сега заедно со едемските дрвја и ти ке биде соборен во бездната, ке лежиш со необрезаните, ме у убиени од меч. Тоа Фараонот и сиот негов многуброен народ", вели Господ Бог.

  Ezekiel (31/48)