Ezekiel (29/48)  

1. Во десеттата година, десеттиот месец, во дванаесеттиот ден од месецот, би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, сврти го лицето свое кон Фараонот, египетскиот цар, и изречи пророштво против него и против целиот Египет.
3. Говори и кажи им - вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против тебе Фараоне, цару египетски, голем змеју, кој лежиш по реките свои и велиш: ‘моја е реката и јас ја создадов заради себе.‘
4. Но Јас ке ставам јадица во твоите челусти и на твоите лушпи; и ке те извлечам од реките твои со сета риба на твоите реки, што се залепила на твоите лушпи;
5. ке те фатам во пустињата, тебе и сета риба од твоите реки; ти ке паднеш на откриено поле; нема да те земат и соберат; ке допуштам да те изедат sверовите земни и птиците небески.
6. И ке познаат сите жители на Египет, дека Јас сум Господ, оти тие беа на домот Израилев потпорна трска.
7. И кога се фатија со раката своја за тебе, ти се раскина и целото нивно рамо беше избодено; и кога се потпреа на тебе, ти се скрши и им ги изнарани сите нивни бедра."
8. Затоа, вака вели Господ Бог: "Еве, Јас ке испратам против тебе меч и ке ги истребам кај тебе лу ето и добитокот.
9. Египетската земја ке стане пустиња и степа; па ке познаат, дека Јас сум Господ. Бидејки тој вели - моја е реката и јас ја создадов,
10. затоа, еве, Јас сум против твоите реки и Египетската земја ке ја направам пустиња над пустињите од Мигдол до Сиена, до пределот на Етиопија.
11. Нема да оти по неа човечка нога и нога на добиток нема да стапне на неа, и нема да се живее на неа четириесет години.
12. И ке ја направам земјата Египетска пустиња ме у запустени земји; и градовите нејзини ме у запустени градови, ке бидат пусти четириесет години и ке ги растурам Египтјаните ме у народите и ке ги распрснам по земјата.
13. Оти вака вели Господ Бог: откако ке изминат четириесет години, Јас ке ги соберам Египтјаните од кај народите, каде што ке бидат растурени.
14. И ке ги вратам египетските заробеници и ке ги доведам назад во земјата Патрос, во земјата на нивното потекло и тие таму ке преставуваат слабо царство.
15. Тоа ке биде послабо од другите царства и нема веке да се гордее над народите; ке ги смалам, за да не владеат над народите.
16. И во иднина, тие нема да бидат потпора на домот Израилев, за да го спомнуваат нивното беззаконие, кога се обрнуваа кон него; и ке познаат, дека Јас сум Господ Бог."
17. Во дваесет и седмата година, првиот месец, во првиот ден од месецот, би слово Господово до мене:
18. "Сине човечки, Навуходоносор, царот вавилонски, ја истошти војската своја со големи работи при градот Тир: секоја глава окелаве и секое рамо беше изнарането; но ни за него, ни за војската немаше награда од Тир за трудот што тој го употреби против него."
19. Затоа, така вели Господ Бог: "Еве, Јас му ја давам на вавилонскиот цар Навуходоносор земјата Египетска, за да го собере богатсвото нејзино, да изврши грабеж во неа и да однесе се, што грабела таа, и тоа ке биде награда за неговата војска.
20. Како награда за работата, која тој ја изврши во него, Јас му ја предавам земјата Египетска, оти тој го вршеше тоа заради Мене, вели Господ Бог.
21. Во тој ден ке го вратам рогот на домот Израилев и тебе ке ти ја отворам устата ме у нив, па ке познаат дека Јас сум Господ."

  Ezekiel (29/48)