Ezekiel (28/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, кажи му на началникот на Тир - вака вели Господ Бог: затоа што го издигна срцето свое и велиш: ‘Јас сум бог, седам на божји стол, во срцето на морињата‘, и бидејки човек си, а не бог, го заменуваш твојот ум со умот на Бога,
3. ете, како да си помудар од Даниила; и нема тајна, сокриена од тебе;
4. со мудроста своја и со разумот свој ти се здоби со богатство и во своите ризници собра злато и сребро;
5. со големата мудрост своја преку трговијата своја ти го зголеми богатството свое,
6. затоа, вака вели Господ Бог: - Бидејки го изедначуваш твојот ум со умот на Бога,
7. еве, Јас ке доведам против тебе другоземци, највешти ме у народите, и тие ке ги извадат своите мечеви против убавината на твојата мудрост и ке го помрачат твојот блесок;
8. тие ке те турнат во гроб и ке умреш во срцето на морињата, со смрт на убиени.
9. Kе речеш ли тогаш пред твојот убиец: ‘јас сум бог‘, кога во раката на оној, што ке те убива, ти ке бидеш човек, а не бог?
10. Ти ке умреш од раката на другоземци со смрт како необрезан; оти Јас го реков тоа", така вели Господ.
11. И би слово Господово до мене:
12. "Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: - вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината.
13. ти беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, хризолит, оникс, јаспис, сапфир, карбункул, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден.
14. Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те поставив за тоа; ти беше светата Божја гора, одеше среде огнени камења.
15. Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие.
16. Од твојата проширена трговија утробата твоја се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења.
17. Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас ке те соборам на земја, ке те предадам на потсмев пред царевите.
18. Со многуте гревови свои во неправедната твоја трговија ти ги оскверни твоите светилишта; и Јас ке пуштам оган пред тебе, што ке те проголта; и Јас ке те претворам во пепел на земјата пред очите на сите, што ке те видат.
19. Сите, што те знаеја ме у народите, ке се зачудат за тебе, ти ке станеш за ужас и нема да те има повеке."
20. И би слово Господово до мене:
21. "Сине човечки, сврти го лицето свое кон Сидон, и пророкувај против него:
22. Ете Јас сум против тебе, Сидоне, и ке се прославам во тебе и ке познаат дека сум Јас Господ, кога ке одржам суд над него и ја покажам во него Мојата светост.
23. И ке пратам во него помор и крв на улиците негови и ке паднат среде него убиени од меч, кој ке ги нападне сите одреда и ке познаат, дека Јас сум Господ.
24. И во иднина тој нема да биде бодлив трн за домот Израилев и причинител на болка трнлива, повеке од сите соседи што му сакаат зло и ке познаат, дека Јас сум Господ Бог."
25. Така вели Господ Бог: кога ке го соберам домот Израилев ме у народите, кај кој се распрснал и ке ја објавам кај нив светоста Своја пред очите на племињата и тие заживеат во земајта своја, која му ја дадов на Мојот слуга Јакова,
26. тогаш ке живеат во неа безопасно и ке си изградат куки, ке насадат лозја и ке живеат во безопасност, зашто ке извршам суд над сите наоколу што ги презираа. И тогаш ке разберат дека Јас сум Господ Бог нивни.

  Ezekiel (28/48)