Ezekiel (26/48)  

1. Во единаесеттата година, во првиот ден од првиот месец, би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, поради тоа што Тир ликуваше над Ерусалим: ‘о, о‘, се скрши вратата на народите, и тие се обрнаа кон Мене; ке се збогатам - тој е опустошен."
3. Така вели Господ Бог, еве, Јас сум против тебе, граде Тире, и ке кренам против тебе многу народи како морето што ги крева брановите свои.
4. И ке ги разбијат sидовите на Тир и ке ги разрушат кулите негови; и ке го изметам правот негов и ке го направам гол камен.
5. Kе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог, и ке биде разграбен од народите.
6. А керките негови, што се во земјата, ке бидат со меч убиени и ке познаат, дека Јас сум Господ."
7. Оти така вели Господ Бог: "Еве, против Тир ке го доведам од север Навуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со коли, со коњаница и со војска и со многуброен народ.
8. Тој со меч ке ги убие керките твои во земјата, ке подигне против тебе опсадни кули, ке направи опкоп против тебе и ке постави штитови против тебе;
9. Kе донесе машини за разбивање sидови до самите sидови и ке ги разруши кулите твои со секири.
10. Од многуте негови коњи прав ке те покрие, од шумот на јавачите, на тркалата и на колите ке се затресат sидовите твои, кога ке влезе во портите твои, како што се влегува во разбиен град.
11. Со копитата на коњите свои ке ги изгази твоите улици, народот твој со меч ке го убие и спомениците на твојата сила на земјата ке ги соборува.
12. И ке го разграбат твоето богатство, ке ја пленат твојата стока, ке ги разрушат твоите sидови, ке ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ке ја фрлат во вода.
13. И ке престане гласот од твоите песни и звукот од твоето гусле нема повеке да се слуша;
14. и ке те направам гол камен, ке станеш место за простирање мрежи; нема да биде одново изграден, зашто Јас, Господ, го реков тоа", вели Господ Бог.
15. Така вели Господ Бог кон Тир: "Од потресот на твоето па ање, од офкањето на ранетите, кога ке се извршува над тебе убивањето, нема ли да затреперат островите?
16. И ке слезат од престолите свои сите кнезови на морето, ке ги соблечат од себе своите наметки, ке ги симнат од себе своите везени облеки, ке се облечат во трепет, ке седнат на земја и секоја минута ке треперат и ке се чудат заради тебе.
17. И ке почнат да плачат за тебе и ке ти речат: "Како пропадна, славни граде, во кој живеат поморци, народ силен по морето, ти и жителите твои кои влеваа страв на сите оние, што живееја во тебе!"
18. Сега, во денот на твоето па ање, затреперија островите, островите морски се смутија од твојата погибел.
19. Оти така вели Господ Бог: кога ке те направам запустен град, како ненаселените градови, кога ке ја подигнам против тебе бездната и ке те покријат големи води,
20. тогаш ке те соборам со оние, што слегуваат во гроб, при оние што порано постоеле, и ке те ставам во долната земја, во вечната пустиња, со спуштените во гроб, за да не бидеш веке населен; и ке ја објавам славата во земјата на живите.
21. За ужас ке те направам, и нема да те има; ке те бараат, но повеке нема да те најдат никогаш", вели Господ Бог.

  Ezekiel (26/48)