Ezekiel (25/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки", сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи пророштво против нив,
3. и речи им на синовите Амонови: "Чујте го словото на Господа Бога: така вели Господ Бог - бидејки за Моето светилиште се вели: ‘о, о,‘ а тоа е навреда и за Израилевата земја, оти таа е опустошена, и за домот Јудин, бидејки тие отидоа во ропство.
4. Затоа, еве, Јас ке те дадам во наследство на синовите од Исток и ке направат при тебе колиби, ке распнат кај тебе шатори и ке ги јадат плодовите твои и ке го пијат млекото твое.
5. Рава ке ја направам обор за камили, и синовите Амонови - овчари, па ке познаете, дека Јас сум Господ."
6. Затоа вака вели Господ Бог: "Бидејки ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата Израилева, душевно се зарадува,
7. еве, Јас, ке ја протегнам раката Своја против тебе и ке те предадам да те разграбаат народите, и ке те истребам од бројот на народите и ке те избришам од бројот на земјите; ке те уништам и ке познаеш, дека Јас сум Господ."
8. Така вели Господ Бог: "Бидејки Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи."
9. Еве, Јас ке ја откријам земјата Моавска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет - Јесимот, Валмеон и Киријатаим,
10. за синовите од Исток и ке им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеке ме у народите.
11. И Моав ке го судам, па ке познаат, дека Јас сум Господ."
12. Така вели Господ Бог: Бидејки Едом жестоко му се одмаздуваше на домот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,
13. вака вели Господ Бог: "Kе ја протегнам раката против Едом и ке ги истребам при него лу ето и добитокот и ке го направам пустиња. Од Теман до Дедан, сите ке паднат од меч.
14. И ке му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ, Израилот; и тие ке дејствуваат во Идумеја по Мојот гнев и Моето негодување, па ке го познаат Моето одмаздување", вели Господ Бог.
15. Така вели Господ Бог: "Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за погибел, со вечна омраза,
16. така вели Господ Бог - еве, ке ја протегнам раката Своја над Филистејците, ке ги истребам оние од Крит и ке го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;
17. и ке извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ке познаат дека Јас сум Господ, кога ке го извршам над нив Моето одмаздување."

  Ezekiel (25/48)