Ezekiel (24/48)  

1. И слово Господово до мене во деветтата година, десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот:
2. "Сине човечки, запиши го името на овој ден, на овој ист ден: во тој ист ден вавилонскиот цар ке настапи против Ерусалим.
3. Изречи пророштво против отстапничкиот дом и кажи им - вака вели Господ Бог: "Стави котел, стави и наполни го со вода;
4. стави во него парчиња месо, сите парчиња да бидат најдобри, колкови и плешки и напони го со одбрани коски;
5. земи одбрани овци и стави под нив коски и вари ги додека и коските не се разварат во него."
6. Затоа вака вели Господ Бог: "Тешко му на крвничкиот град, тешко на котелот во кој има бигор и од кој бигорот не се вади; парче по парче исфрлајте од него; но жреб не фрлајте за него.
7. Зашто крвта негова е во него; тој ја остави на гол камен; не ја проли врз земјата, каде што би можело да се покрие со прав.
8. За да предизвикам гнев за извршување на одмаздата, Јас ја оставив крвта на гол камен, за да не се покрие."
9. Затоа, така вели Господ Бог: "Тешко му на крвавиот град", и Јас ке ставам голем оган;
10. притури дрва, распали го огнот, развари го месото; сето тоа нека се згусти, а коските да се изгорат.
11. И кога котелот ке остане празен, стави го врз јаглен за да се вжешти и усвити неговиот бакар, па нечистотијата негова да се стопи во него, и сиот бигор да исчезне.
12. Трудот ке биде тежок; но многуте бигори нема да се извадат од него; дури и во огнот од бигорот ке остане во него.
13. Во твојата нечистотија има таква гадотија, што колку и да те чистам, ти се уште ке останемш нечист; од твојата нечистотија ти и во иднина нема да се очистиш, се додека не се исполни гневот Мој врз тебе.
14. Јас, Господ, Јас го зборувам ова: тоа ке дојде, Јас ке извршам; нема да одменам, нема да поштедам и нема да се смилувам. Според твоите патишта и според твоите дела ке ти судам", вели Господ Бог.
15. И би слово Господово до мене:
16. "Сине човечки, еве, Јас преку поразот ке ти ја земам утехата на твоите очи; но ти да не тажиш и не плачи и слози не пролевај.
17. Воздивнувај тивко, не оплакувај го умрениот; врзи си шамија и обувај ги нозете свои со твоите обувки, брадата не покривај ја и леб од ту и лу е не јади."
18. И, откако утрината му зборував на народот, вечерта умре жената моја и на вториот ден направив, така како што ми беше заповедано.
19. И ми рече народот: "Нема ли да ни кажеш какво значење има за нас што го правиш тоа?"
20. Им одговорив: кон мене би слово Господово:
21. "Кажи му на домот Израилев - така вели Господ Бог - еве, Јас ке го препуштам светилиштето Свое на поруга, потпора на силата ваша, утеха на очите ваши и радост на душите ваши, а вашите синови и вашите керки, што ги оставивте, ке паднат од меч.
22. И вие ке го правите истото што го правев и Јас; брадата нема да ја сокривате и леб од ту инци нема да јадете.
23. И шамиите ваши ке бидат на главите ваши, и обувките ваши на нозете ваши; нема да тажите и да плачете, туку ке чезнеете поради вашите гревови и ке воздивнувате еден пред друг.
24. А Језекиил ке ви биде знак за сето тоа што он го направи, и вие ке го правите тоа; и кога ке се збидне тоа, ке познаете, дека Јас сум Господ Бог.
25. А што се однесува до тебе, сине човечки, во оној ден, кога ке го земам од нив украсот на славата нивна, утехата на очите нивни, и радоста на душите нивни, синовите нивни и керките нивни,
26. во тој ден ке дојде при тебе оној што се спасил оттаму за да те извести.
27. Во тој ден пред спасениот ке ти се отвори устата твоја и ти ке зборуваш и нема веке да бидеш безгласен, а ке станеш знак за нив и ке познаат, дека Јас сум Господ."

  Ezekiel (24/48)