Ezekiel (23/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, имаше две жени, керки на една мајка.
3. И блудствуваа тие во Егиепт, блудствуваа додека беа млади; таму ги факаа градите нивни, и таму ги изгмечија нивните девствени гради.
4. Имињата нивни беа: големата се викаше - Охола, а сестра и - Охолива. И тие беа Мои и ра аа синови и керки; Охола се викаше Самарија, а Охолива - Ерусалим.
5. И Почна Охола да ме изневерува и се приближи кон љубовниците свои, кон Асирците, кон соседите свои,
6. кон оние што се облекуваа со облеки од порфир, кон обасните началници и градските управители, кон сите убави момчиња, коњаници, што јаваат на коњ.
7. И живееше бесрамно со сите тие избрани синови на Асура и се осквернуваше себеси со сите идоли на секој од нив, кон кого се прилепуваше;
8. не престануваше да блудствува и со Египтјани, бидејки тие спиеја со неа во младоста нејзина и ги стискаа градите нејзини и ја изливаа врз неа својата похот.
9. Затоа и Јас ја предадов во рацете на милениците, во рацете на Асуровите синови, кон кои таа се придружи.
10. Тие ја открија голотијата нејзина, ги зедоа синовите и керките нејзини, а неа ја убија со меч. И таа стана за потсмев ме у жените, кога ја извршуваа пресудата врз неа.
11. Сестра и Охолива го виде тоа и стана уште поразвратна во љубовта своја, и блудството нејзино го надмина блудството на сестра и.
12. Таа се прилепи до Асуровите синови, до обласните началници и градските управители, соседи нејзини, богато облечени, коњаници што јаваа на коњи, кон сите одбрани момци.
13. Јас видов дека таа се оскверни и дека обете одат по ист пат.
14. Но таа уште повеке ги умножи блудствата свои, зашто, кога виде насликани мажи на sидот, обоени ликови на Халдејци,
15. кои беа со појас опашани до крстот и со богати преврски на главата и кои изгледаа како воени началници, што прилегаат на вавилонските синови, чија татковина е земјата Халдејска;
16. таа се вљуби во нив на прв поглед со очите свои и испрати при нив пратеници во Халдеја.
17. И вавилонските синови дојдоа при неа во љубовното легло и ја осквернија со своето блудство, а преку нив и таа се оскверни и душата нејзина се одврати од нив.
18. Кога, пак, се оддаде јавно на своето блудство и ја откри голотијата своја, тогаш се одврати од неа и Мојата душа, како што се одврати душата Моја од сестрата нејзина.
19. И таа ги зголемуваше своите блудства, спомнувајки ги деновите на младоста своја, кога блудствуваше во Египетската земја.
20. И се прилепи кон своите миленици, чие тело е како тело на осел, и похотта како на коњи.
21. Така ти се присети на бесрамноста во твојата младост, кога Египтјаните ги стискаа твоите гради, заради младоста нивна.
22. Поради тоа, Охолива, вака вели Господ Бог: "Еве Јас ке ги подигнам против тебе твоите миленици, од кои се одврати душата твоја, и ке ги доведам против тебе од сите страни;
23. синовите на Вавилон, и сите Халдејци, од Пехот, од Шоа и Коа, и со нив сите Асурови синови, убави момци, обласни началници и градски управители, големците и познатите, сите вешти јавачи;
24. и ке дојдат против тебе од север и многу бојни коли со многу народ, ке те опседнат од сите страни, со штитови, со шлемови и оклопи. Ним ке те предадам на суд и тие ке ти судат со својот суд.
25. И ке ја свртам Мојата ревност против тебе и со тебе ке постапат гневно: ке ти го отсечат носот и ушите, а она што ке остане, ке падне од меч; ке земат од синовите твои и од керките твои, а она, што ке остане од оган ке загине;
26. ке ти ги соблечат облеките твои и ке ти ги земат накитите твои.
27. Така ке ставам крај на твојата расипаност и на твоето блудствување, што го вршеше во Египетската земја, и нема да ги свртуваш кон нив очите свои, и за Егиепт нема повеке да си спомнуваш."
28. Оти, така вели Господ Бог: "Еве, Јас те предавам во рацете на оние, кои ти ги замрази, во рацете на оние, од кои се одврати душата твоја.
29. И ке постапат со тебе жестоко; ке ти земат се, што е со труд заработено, ке те остават гола и непокриена, и откриена ке биде твојата срамна голотија, твојот блуд и бесчестие.
30. Тоа ке стане со тебе порати твоето блудствување со народите, со чии идоли ти се оскверни.
31. Ти одеше по патот на сестрата своја; затоа и ке ти ја дадам в рака чашата нејзина."
32. Така вели Господ Бог: "Ти ке пиеш од длабоката и широката чаша на сестрата своја и ке се изложиш на потсмев поради нејзината големина.
33. Со пијанство и тага ке бидеш исполнета: од чашата на ужасот и запустувањето, од чашата на сестра ти Самарија.
34. И ке ја испиеш и ке ја пресушиш, парчињата нејзини ке ги оближеш и градите свои ке ги издраскаш, оти Јас го реков тоа", вели Господ Бог.
35. Затоа, вака вели Господ Бог: "Бидејки ти Ме заборави и се откажа од Мене, па трпи сега заради својот грев и поради своето блудствување."
36. И ми рече Господ: "Сине човечки, сакаш ли да им судиш на Охола и на Охолива? Кажи им ги нивните гнасотии;
37. оти тие прељубодејствуваа и крв има на рацете нивни, и со идолите свои прељубодејствуваа, а синовите свои, што Ми ги родија, преку оган ги пренесоа како храна за нив.
38. Ете, што Ми направија: го осквернуваа светилиштето Мое во ист ден и ги нарушуваа саботите Мои;
39. Оти кога ги колеа децата свои за своите идоли, во истиот ден доа аа во светилиштето Мое, за да го осквернат; ете, како постапуваа тие во Мојот дом.
40. Освен тоа, пракаа и по лу е, што доа аа оддалеку; пра аа при нив пратеници и, ете, тие доа аа, и ти за нив се капеше, ги дотеруваше очите свои и со накити се китеше.
41. Седеше на убово легло, пред кое имаше маса и на неа ги ставаше Моите благопријатни кадива и Мојот елеј.
42. Се слушаше гласот на народот, кој ликуваше, и при лу ето од народот доведуваа пијаници од пустињата; и на рацете нивни ставаа гривни и на главите нивни - украсени венци.
43. Тогаш реков за остарената во прељубодејство: ‘Сега ке се свршат блудствувањата нејзини заедно со неа‘.
44. Но доа аа при неа: доа аа како што се доа а кај жена блудница, така доа аа кај Охола и кај Охолива, при тие растурени жени.
45. Но мажи праведни ке ги судат со суд за перљубодејки и со суд за крвопроливачки, оти тие се прељубодејки и по нивните раце има крв.
46. Така вели Господ Бог: да се свика против нив собрание и да ги предадат на мака и грабеж.
47. И собранието ке ги убие со камења и ке ги испосече со мечевите свои, ке ги убие синовите нивни и керките нивни и со оган ке ги изгори куките нивни.
48. Така ке го ставам крајот на расипаноста на таа земја и сите жени ке го имаа тоа како пример, па нема да вршат срамни работи како вас.
49. И ке го свртат вашето бесчестие против вас, па ке претрпите казна за гревовите за вашите идоли, и ке познаете, дека Јас сум Господ Бог."

  Ezekiel (23/48)