Ezekiel (22/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "А ти, сине човечки, сакаш ли да судиш, да го судиш крвавиот град? Искажи му ги сите негови гадотии.
3. И кажи - вака вели Господ Бог: - О, граде, кој проливаш крв среде себе, за да дојде времето твое, и кој си правиш идоли, за да се осквернуваш,
4. со крвта, што си ја пролеал, се обвинуваш, и со идолите, што си ги направил, се осквернуваш себеси, се приближија деновите твои и достигна времето твое. Затоа ке те предадам за потсмев на народите, за поруга на сите земји.
5. Твоите блиски и твоите даелчни ке ти се смеат, зашто го оскверни името свое и се прочу со беззаконијата свои.
6. Ете, началниците Израилеви, секој според силите свои, што беа кај тебе, решија крв да пролеваат.
7. При тебе татко и мајка хулат, придојден навредуваат среде тебе, и сирак и вдовица измачуваат во тебе,
8. светињите Мои не го почитуваш и саботите Мои ги нарушуваш.
9. При тебе има клеветници, крв што пролеваат и по планините јадат идолски жртви, среде тебе вршат гадотии.
10. Кај тебе ја откриваат голотијата на татка си, изнасилуваат жени во времето, кога тие се чистат од нечистотиите свои.
11. Еден врши осквернување со жената на блискиот свој, друг ја осквернува снаата своја, трет ја напа а сестрата своја, керката на таткото свој.
12. Кај тебе се зема поткуп, за да се пролива крв; ти земаш лихва и дарови и со сила изнудуваш добра од ближниот свој, а Мене Ме заборави, вели Господ Бог.
13. И ете, Јас плеснав со рацете за твоето користољубие, што се разоткрива кај тебе, и за крвнината, кој се извршува кај тебе.
14. Kе устои ли твоето срце, ке бидат ли цврсти рацете твои во деновите, кога ке дејствувам против тебе? Јас, Господ, велам - и ке извршам.
15. Kе те распрснам ме у народите, ке те развеам по земјите и ке ставам крај на твоите гадотии кај тебе.
16. И сам ке си направиш за да бидеш презрен пред очите на народите, па ке познаеш, дека Јас сум Господ."
17. И би слово Господово до мене:
18. "Сине човечки, домот Израилев стана во мене згура: тие сите се калај, бакар, железо и олово во печка; станаа како сребрена згура.
19. Затоа, така вели Господ Бог: "Бидејки сите вие станавте згура, затоа, еве, Јас ке ве соберам во Ерусалим.
20. Како што во печка ги ставаат заедно среброто, бакарот, железото, оловото и калајот, за да раздувуваат врз нив оган и да ги растопат, така во гневот Свој и во јароста Своја ке ве кутнам, ке ве ставам и ке ве растопам.
21. Kе ве соберам и ке дувнам врз вас оган од Моето негодување и ке се растопите во него;
22. како среброто што се топи во печката, така ке се растопите и вие и ке познаете, дека Јас сум Господ, Кој ја излева јароста Своја врз вас."
23. И би слово Господово до мене:
24. Сине човечки, кажи му: "Ти си земја неисчистена, не поливана со дожд во гневен ден."
25. Прорците нејзини се согласија како лав што рика, кој го раскинува пленот; тие јадат души, одземаат имоти и драгоцености и со тоа го умножуваат бројот на вдовиците.
26. Свештениците нејзини го нарушуваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика ме у чисто и нечисто; од саботите Мои ги покриваат очите свои, и Јас сум понизен ме у нив.
27. Кнезовите нејзини се како волци, кои грабаат плен, проливаат крв, погубуваат души, за да продобијат корист.
28. А пророците нејзини се замачкуваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејки: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така.
29. А ме у народот се угнетуваат еден со друг, грабаат и присилуваат беден и сиромав, и неправедно угнетуваат придојден.
30. Јас барав кај нив човек, врз кого ке ставам темел, за да застане пред Мене во падот поради оваа земја да не ја загубам, но не најдов.
31. Па затоа, ке го излеам врз нив Моето негодување, со огнот на Мојата јарост ке ги истребам, нивното лошо однесување ке го свртам на главите нивни, вели Господ Бог.

  Ezekiel (22/48)