Ezekiel (20/48)  

1. Во седмата година, петтиот месец, десеттиот ден од месецот, дојдоа некои Израилеви старешини да Го прашаат Господа и седнаа пред мене.
2. И би слово Господово до мене:
3. "Сине човечки, зборувај со старешините Израилеви и кажи им - вака вели Господ Бог: сте дошле да Ме прашате? Жив да сум Јас - нема да ви дадам одговор, вели Господ Бог."
4. Сакаш ли да се судиш со нив, сакаш ли да се судиш, сине човечки? Кажи им ги гадотиите на нивните татковци;
5. и кажи им - вака вели Господ Бог: "во оној ден кога го избрав Израилот и кога ја подигнав раката Своја, се заколнав во племето на домот од Јакова, и им се открив во земјата Египетска, и кога ја подигнав раката им реков: ‘Јас сум Господ, вашиот Бог‘.
6. Во оној ден, кога ја подигнав раката Своја, Јас им се заколнав дека ке ги изведам од земјата Египетска во земја, која Јас ја избрав за нив, и во која тече мед и млеко, украс на сите земји."
7. И кажи им: "Отфрлете ги сите гадотии од вашите очи и не се осквернувајте со египетските идоли - Јас сум Господ, вашиот Бог.
8. Но тие се возмутија против Мене и не сакаа да Ме слушаат; никој не се откажа од гадотиите на очите свои и не ги остави египетските идоли. А Јас реков: "ке го излијам врз нив гневот Свој, ке ја исцрпам врз нив јароста Своја среде Египетската земја.
9. Но Јас постапив така заради името Мое, па тоа да не се хули пред народите, ме у кои тие се нао аат и пред чии очи Јас им се открив, за да ги изведам од Египетската земја.
10. И Јас ги изведов од земјата Египетска и ги доведов во пустињата,
11. им ги дадов Моите заповеди и им ги објавив Моите наредби, преку кои човекот, откако ке ги изврши, ке биде жив;
12. им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак ме у Мене и нив, па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува.
13. Но домот Израилев се побуни против Мене во пустињата: не постапија според Моите заповеди и ги отфрлија Моите наредби, преку кои човекот, ако ги исполнува, би можел да биде жив, и Моите саботи ги нарушија - и Јас реков - ке ја излијам врз нив Својата јарост во пустињата, за да ги истребам.
14. Но Јас постапив заради Моето име, та да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов.
15. Дури и кога ја подигнав раката против нив во пустињата, се заколнав, дека нема да ги воведам во земјата, која бев им ја определил - во која тече мед и млеко, украс на сите земји,
16. заради тоа што ги отфрлија Моите наредби, не постапија по Моите заповеди и ги нарушуваа Моите саботи; оти нивното срце чезнееше повеке кон идолите нивни.
17. Но Моето око се смили и не ги погуби; и Јас не ги истребив во пустиња.
18. Им зборував на синовите нивни во пустњата: "Не одете по правилата на татковците ваши, не пазете ги уредбите нивни и не осквернувајте се со идолите нивни.
19. Јас сум Господ, вашиот Бог: постапувајте според Моите заповеди, пазете ги уредбите Мои и исполнувајте ги.
20. Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак ме у Мене и вас, па да знаете, дека Јас сум Господ, вашиот Бог."
21. Но и синовите се побунија против Мене - не постапуваат по Моите заповеди и уредбите Мои не ги пазат, не го исполнуваат она преку кое човекот, откако ке го исполнува, ке биде жив; ги нарушуваат Моите саботи - и Јас реков: ке го излијам врз нив Својот гнев, ке ја исцрпам над нив Мојата јарост во пустињата;
22. но јас ја отклонив раката Своја и заради името Мое постапив инаку, за да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов.
23. Исто така, кога ја подигнав раката Своја во пустињата, се заколнав дека ке ги расфрлам ме у народите и развеам по земјите,
24. бидејки тие Моите наредби не ги извршуваа, заповедите Мои ги отфрлија и ги нарушуваа Моите саботи, а очите нивни се свртуваа кон идолите на нивните татковци.
25. Им дозволив закони и наредби што не се добри, од кои тие не можеа да бидат живи,
26. им допуштив и да се осквернуваат со своите жртвени приноси, кога почнаа да префрлуваат преку оган секој прв плод од утробата, за да ги разорам, па да знаат, дека Јас сум Господ.
27. Затоа зборувај му на домот Израилев, сине човечки, и кажи му - вака вели Господ Бог: "еве со што уште Ме хулеа вашите татковци, кога вероломно постапуваа против Мене:
28. Јас ги одведов во земјата, која со клетва им ја ветив дека ке им ја дадам, откако ја подигнав раката Своја, а тие, штом здогледаа по некој висок рид и некое разгрането дрво, почнаа таму да ги колат своите жртви и ги ставаа таму своите приноси за мене со навреда и своите благопријатни кадива, извршувајки ги таму и своите преливи.
29. А Јас им реков - каква е таа височинка, каде што одите? Затоа таа и до ден денс се вика Бама."
30. Ете затоа, кажи му на домот Израилев - вака вели Господ Бог: "Зар не се осквернувате по примерот на вашите татковци и зар не блудстувате со нивните гадотии?
31. Принесувајки ги даровите свои и префрлувајки ги синовите свои преку оган, вие се осквернувате со сите ваши идоли до овој ден - па сакате да Ме прашате ли, доме Израилев? Жив да сум Јас, вели Господ Бог, нема да ви одговорам.
32. И она, што ви па а на ум, никако нема да се изврши. Вие велите: "ке му служиме на дрвото и на каменот како незнабошците, како племињата од други земји."
33. Жив да сум Јас, вели Господ Бог; со силна рака и протегната мишка, изливајки јарост, ке господарам над вас.
34. И ке ве изведам Јас од кај народите и од земјите, по кои сте распрастани, и ке ве соберам со силна рака и со протегната мишка, изливајки јарост.
35. И ке ве доведам во пустињата на народите и таму ке се судам со вас лице во лице.
36. Како што се судев со татковците ваши во пустињата на Египетската земја, така ке се судам и со вас, вели Господ Бог.
37. И ке ве преведам под стап и ке ве ставам во оковите на заветот.
38. И ке ги оделам од вас отстапниците и непокорните. Kе ги изведам од земјата, каде што живеат, но во земјата Израилева тие нема да влезат, - и ке познаете, дека Јас сум Господ.
39. А вие, доме Израилев, така вели Господ Бог - секој од вас оди при идолите свои и им служи, не слушајки Ме Мене, но не осквернувајте го повеке светото име Мои, со вашите дарови и со вашите идоли,
40. зашто на Мојата Света Гора, на високата планина Израилева - вели Господ Бог - таму ке Ми служи сиот Израилев дом, целиот, колку што го има на земјата; таму ке ги примам со благоволение и таму ке ги побарам приносите ваши и првините ваши со сите ваши светињи.
41. Kе ве примам како благопријатно кадиво, кога ке ве изведам од народите и ке ве соберам од земјите, по кои сте распрснати и ке се светам во вас пред очите на народите.
42. Па ке познаете, дека Јас сум Господ, кога ке ве воведам во земјата Израилева - во земја, за која се заколнав на татковците ваши, откако ја подигнав раката Своја.
43. И ке се сетите таму за вашите патишта и за сите ваши дела, со кои се осквернувавте, па ке се гадите од самите себе, за сите ваши злодела, што сте ги вршеле.
44. И ке познаете дека Јас сум Господ, кога ке почнам да постапувам со вас заради името Свое, не според вашите лоши патишта и вашите развратни дела, доме Израилев, вели Господ Бог.

  Ezekiel (20/48)