Ezekiel (18/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Зошто употребувате во Израилевата земја поговорка, велејки: ‘татковците јадеа кисело грозје, а на децата забите им факаат оскомина?‘
3. Жив да сум, Јас, вели Господ Бог: - во иднина нема да ја кажуваат таа поговорка во Израилот.
4. Оти, ете, сите души се Мои; како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ке умре.
5. Ако некој е праведен и врши суд и правда,
6. по планините не јаде жртвено и кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува и до жената своја, кога се чисти од својата нечистотија не се приближува;
7. никого не присилува, не должникот му го врака залогот и грабеж не врши, од својот леб му дава на гладниот и голиот го облекува во облека,
8. под лихва не дава и лихва не зема, ја воздржува раката своја од неправда и извршува праведен суд ме у човек со човек;
9. постапува според Моите заповеди и искрено пази на Моите наредби - тогаш тој е праведник, тој секако ке биде жив, вели Господ Бог.
10. Но, ако му се роди син разбојник, кој пролива крв и врши нешто што и да е слично на тоа,
11. кое тој сам никако не вршел и по планини јаде жртвено, и жената на ближниот ја осквернува,
12. беден и сиромав присилува, одзема насила, залог не врака и кон идолите ги врти очите, тој врши гадотија;
13. дава под лихва и зема лихва, - па зар ке биде тој жив? Не, тој нема да биде жив. Кој ги врши сите тие гадни работи, тој бездруго ке умре, крвта негова ке биде врз него.
14. Но, ако некому му се роди син, кој, гледајки ги сите тие гревови на својот татко, какво што ги вршел, па гледа - и не врши слични работи:
15. по планини жртвено не јаде, кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува
16. и човек не присилува, залог не зема и насила не одзема, од лебот свој му дава на гладен и гол со облека облекува,
17. врз беден рака не крева, награди и лихва не зема, ги исполнува Моите поведлби, тој нема да умре заради гревовите на татка си: тој ке биде жив.
18. А татко му, бидејки жестоко притискал, братот го ограбувал, и вршел лоши работи кај народот свој, ете - тој ке умре поради своето беззаконие.
19. Вие велите: ‘зошто, пак, синот не ја сноси вината на татка си?‘ Затоа, што синот постапува законски и праведно, пази на сите Мои наредби и ги извршува: тој ке биде жив.
20. душа, која згрешила, ке умре; синот нема да го понесе гревот на татка си, и таткото нема да го понесе гревот на сина си, правдата на праведниот при него си останува и беззаконието на грешникот при него си останува.
21. И грешникот, ако се одврати од сите свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ке биде жив, нема да умре.
22. Сите негови престапи, какви што правел, нема да му се спомнуваат; во правдата своја, што ке ја врши, тој ке биде жив.
23. Зар Јас сакам смрт за грешникот? вели Господ Бог. Напротив, Јас сакам - тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив.
24. И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот, ке биде ли жив? Сите негови добри дела, што ги правел нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ке умре.
25. Но вие велите: ‘не е исправен патот Господен‘. Послушајте, доме Израилев, зар Мојот пат не е исправен? Зар патиштата ваши не се неисправни?
26. Ако праведникот отстапува од правдата своја и врши беззаконија и затоа умира, тој умира поради гревот што го направил.
27. И грешникот, ако се откаже од беззаконието свое што го вршел, па извршува суд и правда - ке ја врати душата своја кон живот.
28. Оти тој видел и се откажал од сите свои пресатпи, какви што направил: ке биде жив, нема да умре.
29. А домот Израилев вели: ‘не е прав патот Господен!‘ Не се ли прави доме Израилев, Моите патишта? Па зар се прави вашите патишта?
30. Затоа Јас ке ви судам вам, доме Израилев, секого според делата негови, вели Господ Бог; покајте се и оттргнете се од вашите престапи, та вашето нечестие да не ви биде вам сопка.
31. Отфрлете ги од себе сите свои гревови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух; и зошто да умирате? - доме Израилев.
32. Оти, Јас не ја сакам смртта на оној што умрел, вели Господ Бог; но поправете се - и живејте!"

  Ezekiel (18/48)