Ezekiel (16/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, кажи му ги на Ерусалим неговите гадотии.
3. И речи - вака и вели Гспод Бог на керката ерусалимска: - твојот корен и твојата татковина е во Хананската земја; татко твој е Амореец, а мајка ти е Хетејка;
4. при твоето ра ање - во денот кога се роди - папокот ти го пресекоа, со вода не те измија заради очистување, со сол не те посолија и во пелени не те повија.
5. Ничие око не се смили на тебе та од милост кон тебе да ти направат нешто од тоа; но те фрлија во полето од презир кон твојот живот во денот на твоето ра ање.
6. Минував јас покрај тебе и те видов оставена како преташ во крвта твоја, па ти реков: ‘живеј во крвта своја!‘ Така ти реков и пак Јас - ‘во крвта своја живеј!‘
7. Се размножи како растенијата во полето; порасна, стана голема и се здоби со голема убавина: твоите гради се надигаа, а и косата ти порасна; но беше гола и непокриена.
8. Минував покрај тебе и те видов, а тоа беше времето твое, време за љубов; ги прострев полите од облеката Своја врз тебе и ја покрив голотијата твоја; па ти се заколнав и стапив во сојуз со тебе, вели Господ Бог - и ти стана Моја.
9. Те измив со вода, и ја измив од тебе крвта и те помазав со елеј.
10. Ти облеков везена облака и ти обув црвени сандали, те опашав со висон и те покрив со свилен превез.
11. Те искитив со накити и ти ставив гривни на рацете, а околу вратот - веришка.
12. Ти ставив и прстан на носот, обетки на ушите, а на главата твоја - прекрасен венец.
13. И така, ти беше украсена со злато и сребро, а облеката ти беше висон, свила и везена ткаенина; се хранеше со леб од најдобро пченично брашно, со мед и елеј, и беше многу убава, па достигна царско велелепие.
14. И се разнесе славата твоја ме у народите поради твојата убавина, зашто таа претставуваше полно совршенство при великолепниот накит, со кој ти искитив - вели Господ Бог.
15. Но ти се надеваше на убавината своја, и користејки се со славата своја, почна да блудствуваш, и живееше блудно со секој минувач, подавајки му се.
16. Па зеде од облеката своја и си направи шарени идолчиња, па блудствуваше на нив како ништо да не било, и нема да биде.
17. И ги зеде своите накити од моето злато и од моето сребро, што ти ги дадов Јас и си направи од нив машки ликови и блудстуваше со нив.
18. Па ги зеде своите везени облеки, ги облече во нив, и стави пред нив Мој елеј, Мој темјан,
19. и Мој леб, што ти го давав; пченичното брашно, елејот и медот, со кое те хранев, ти ги ставаше пред нив со благопријатен мирис; и тоа стана така - вели Господ Бог.
20. И ги зеде сивновите свои и керките свои, што Ми ги роди, па ги принесуваше преку оган како жртва, за да бидат проголтани. Зар малку блудствуваше?
21. Но ти и синовите Мои ги колеше и ги давеше, принесувајки ги преку оган.
22. И при сите твои гадотии и твоите блудства, ти не се сети за деновите на својата младост, кога беше гола и непокриена и фрлена за да бидеш измачувана во крвта своја.
23. И по сите тие злодејанија - ‘тешко, тешко тебе‘, вели Господ Бог.
24. Ти изгради куки за блуд, на својата улица ги направи.
25. Во почетокот на секоја улица направи куки за блуд, ја срамотеше твојата убавина, ги рашируваше нозете твои за секој минувач, го преумножи твоето блудствување.
26. Блудствуваше со египетските синови - со своите соседи, лу е силни, го умножуваше блудството и ме разгневуваше.
27. И ете, Јас ја протегнав раката Своја против тебе и го намалив дарот, за тебе, па те препуштив на произвол пред керките филистејски, кои те мразеа и се засрамија од твоето лошо поведение.
28. Ти блудствуваше со синовите на Асура не се насити што блудствуваше со нив, но со тоа не се задоволи;
29. Ти ги умножи блудствата свои во земајта Хананска до Халдеја, но и со тоа не се задоволи.
30. Колку ли треба да е истоштено срцето твое - вели Господ Бог - кога сето тоа го вршеше како необуздана блудница!
31. Кога градеше куки за блуд во почетокот на секоја улица и си правеше шерени возвишенија на секој крстопат, ти не гледаше како блудница, зашто ги отфрлуваше подароците,
32. но беше како неверна жена, која место својот маж, прибира ту и мажи.
33. На секоја блудница и даваат подароци, а ти самата даваше подароци на сите свои миленици и ги поткупуваше, за да доа аат при тебе од сите страни и да блудстуваат со тебе.
34. При твоето блудствување стануваше обратно од она, што станува кај жените; за да доа аат при тебе, а ти даваше подароци, тебе не ти даваа подароци; и затоа ти постапуваше обратно од другите.
35. Па поради тоа чуј го, блуднице, словото Господово.
36. Вака вели Господ Бог: заради тоа што ги распилуваше парите свои и при блудствувањето твое беше разоткривана голотијата твоја пред очите на твоите миленици и пред сите твои одвратни идоли, а за крвта на твоите синови, што им ги даваше ти -
37. затоа, еве, Јас ке ги соберам сите твои миленици, со кои се насладуваше и кои ти ги љубеше, како и оние што ги мразеше, и ке ги соберам одред сите против тебе и ке ја разоткријам пред нив голотијата твоја, и ке го видат сиот срам твој.
38. Јас ке ти судам, како што им се суди на прељубнички и на оние, кои пролеваат крв - и ке те предадам на крвава јарост и ревност;
39. ке те прададам во рацете нивни и тие ке ги разрушат блудилиштата твои и ке ги расфрлаат, ке ги соблечат облеките твои од тебе, ке ги земат накитите твои и ке те остават гола и непокриена.
40. Kе свикаат против тебе собрание, ке те убијат со камења и ке те расечат со мечеви свои.
41. Со оган ке ги изгорат твоите куки и ке извршат над тебе суд пред очите на многу жени; и ке стават крај на твоето блудство, и повеке нема да даваш подароци.
42. Kе го смирам над тебе Својот гнев, и ке отстапи од тебе Моето негодување, ке се успокојам и нема повеке да се гневам.
43. Затоа што не се сети на деновите од младоста своја и што со сето тоа Ме дразнеше, ве, и Јас ке го свртам поведението твое врз главата твоја, вели Господ Бог, за да не се предаваш повеке на разврат по сите твои гадотии.
44. Еве, секој што зборува во раскази, може да каже за тебе: ‘каква е мајката, таква е и керката‘.
45. Ти си керката како мајката твоја, која го оставила мажот свој и децата свои, и ти си сестра како сестрите нејзини, што ги оставиле мажите свои. Вашата мајка е Хетејка, а таткото ваш беше Амореец.
46. Твојата поголема сестра е Самарија, која со керките свои живееше лево од тебе, и помалата сестра твоја, што живееше десно од тебе е Содом со керките свои.
47. Но ти и по нивните патишта не одеше и по нивните годотии не постапуваше. Тоа беше малку: ти постапуваше поразвратно од нив во сите твои патишта.
48. Жив да сум, вели Господ Бог: дури е Содом, сестрата твоја и керките нејзини не го вршеа она што го правеше ти и твоите керки.
49. Ете во каква состојба е беззаконието на сестра ти Содом и на кеките нејзини: во гордост, во презаситеност, во празнина, и раката нејзина не помагаше силно човек во беда.
50. И се погодија тие, па вршеа гадотии пред лицето Мое, и, откако го видов тоа, Јас ги отфрлив.
51. Самарија и половината од гревовите твои не направи; ти ги надмина со твоите гадотии, и преку твоите нечистотии, што ги изврши, сестрите твои се покажаа поисправни од тебе.
52. Носи го поради тоа срамот свој и ти, што ги осудуваше сестрите свои; според гревовите, со кои се покажа полоша од нив, тие се поисправни од тебе. Зацрвени се тогаш од срамот и ти, и носи си го срамот, што така ги оправда сестрите свои.
53. Но јас ке ги вратам нивните заробеници, заробениците на Содом и на керките нејзини, заробениците на Самарија и не керките нејзини, како и твоите во плен одведени ме у нив,
54. за да го носиш срамот свој и да се срамуваш од сето ова, што го правеше, откако ке им бидеш утеха.
55. И сестрите твои, Содом и керките нејзини, ке се вратат во поранешна состојба; исто така Самарија и керките нејзини ке се вратат во поранешна состојба; а и ти и твоите керки ке се вратите во поранешната состојба.
56. За сестра ти Содом и помен немаше во устата своја во деновите на твојата гордост,
57. додека уште не беше откриено твоето бесчестие, како во времето, кога беше посрамена од сириските керки и од сите, што ја опкружуваа, од филистејските керки кои одреда гледаа на тебе со презир.
58. Поради твојот разврат и поради твоите гадотии ти трпиш," - вели Господ.
59. Оти така вели Господ: "Јас ке постапам со тебе, како што постапи ти, кога ја презре клетвата, нарушувајки го сојузот.
60. Но Јас ке се сетам на Мојот сојуз со тебе во деносите на твојата младост и ке востановам со тебе вечен сојуз.
61. А и ти ке се сетиш за твоите патишта, и ке ти биде срам, кога ке почнеш да ги примаш сестрите свои, поголемите од тебе, како и помалите од тебе, и кога почнав да ти ги давам за керки, но не по твојот завет.
62. Јас ке го востановам Мојот сојуз со тебе, и ти ке познаеш, дека Јас сум Господ,
63. за да помниш и да се срамуваш, и во иднина да не можеш од срам да ја отвориш устата, кога ке ти простам се, што го правеше ти" - вели Господ Бог.

  Ezekiel (16/48)