Ezekiel (15/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, какво предимсто има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гранките од дрвјата во гората?
3. Зар се зама од него парче за некаква изработка; земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него некоја работа?
4. Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огонот му го подгорува, па му ја изгорува и средената; може ли да стане од него нешто за некаква изработка?
5. И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште повеке, кога огнот ке го подгори и го обгори, па ке биде ли тоа за некаква изработка?
6. Затоа, вака вели Господ Бог: - како што дрвото од лоза ме у горските дрвја го предадов на оган, за да изгори, така нему ке му ги предадам и ерусалимските жители.
7. И ке го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ке излезат и друг оган ке ги проголта, па ке познаете, дека Јас сум Господ, кога ке го свртам лицето Свое против нив.
8. И ке ја направам таа земја пустиња, затоа што постапија вероломно", вели Господ Бог.

  Ezekiel (15/48)