Ezekiel (13/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, изречи пророштво против пророците на Израилот, кои пророкуваат, и кажи им на оние, што пророкуваат од свое срце: чујте го словото Господово.
3. Вака вели Господ Бог: "тешко им на безумните пророци, што се водат од својот дух, а ништо не виделе.
4. Твоите пророци, Израиле, се како лисици во развалини.
5. Во пролом вие не влегувате и не го оградувате со sид домот Израилев за да биде цврст при битката во денот Господен.
6. Тие гледаат суета и претскажуваат лага, велејки: "Господ вели", а Господ не ги испратил; и даваат надеж дека словото ке се исполни.
7. Зар не видовте суетно видение и не кажувате ли лажно предвестие, велејки: "Господ вели", а Јас, пак, не сум рекол?
8. Затоа вака вели Господ Бог: - бидејки кажувате суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, - вели Господ Бог.
9. И ке биде раката Моја против тие пророци, кои гледаат суета и претскажуваат лага; во советот на Мојот народ тие нема да бидат, во списокот на домот Израилев нема да бидат запишани и во земјата Израилева нема да влезат. Па ке познаете, дека Јас сум Господ Бог.
10. Затоа што го воведуваат Мојот народ во заблуда, велејки: - мир, а мир нема; и кога тој гради sид, а тие со кал го мачкаат.
11. Кажи им на тие што sидот го мачкаат со кал, дека тој ке падне, ке заврне силен дожд и ти, sиду од камен, ке паднеш и силен ветар ке те распарчи.
12. И, ете, sидот ке падне; нема ли тогаш да кажат: "Каде е мачканицата, со која го мачкавме?"
13. Затоа вака вели Господ Бог: "Kе пуштам разорен ветар во гневот Свој и ке падне пороен дожд во јароста Моја, и град како камења во јадот Мој ке биде за истребување.
14. Kе го урнам sидот, што го мачкавте со кал, и ке го фрли на земја; ке се открие темелот негов, па ке падне, а вие заедно со него ке загинете, и ке познаете, дека Јас сум Господ.
15. И ка ја излеам јароста Своја врз sидот и врз оние што го мачкаа со кал, и ке ви речам: - го нема sидот и ги нема они, што го мачкаа -
16. пророците Израилеви, кои му пророкуваа на Ерусалим и го известуваа за мирни виденија, кога мир немаше, - вели Господ Бог."
17. А ти, сине човечки, сврти го лицето свое кон керките на овој народ, кои пророкуваат од своето срце, и кажи пророштво против нив.
18. па речи - вака вели Господ Бог: "Тешко им на оние што си пришиваат магијски амајлии под мишките и прават превези на главата за секоја возраст, само да ловат души. Зар ловејки ги душите на Мојот народ, вие ке си ги спасувате вашите души?
19. И Ме обесчестувате пред Мојот народ за рака јачмен и за парчиња леб, умртвувајки ги душите што не треба да умрат, а оставајки ги да живеат оние души, што не треба да живеат, лажејки го народот што слуша лага."
20. Затоа вака вели Господ Бог: "Еве, Јас сум против вашите магиски амајлии, со кои ги ловите душите како птички, ке ги искинам од под мишките ваши и ке ги пуштам на слобода душите, што ги ловите како птички.
21. Kе ги парчосам вашите покривала и ке го избавам Својот народ од рацете ваши; тие нема да бидат веке плен во рацете ваши, па ке познаете дека Јас сум Господ.
22. Поради тоа што со лага го жалостите срцето на праведникот, кого Јас не сакам да го жалостам, и ги задржувате рацете на грешникот, за да не се одврати од својот порочен пат, па не го зачува својот живот,
23. затоа нема да имате веке суетни виденија и во иднина нема веке да баете, Јас ке го избавам мојот народ од рацете ваши, и ке познаете, дека Јас сум Господ."

  Ezekiel (13/48)