Ezekiel (12/48)  

1. И би слово Господово до мене:
2. "Сине човечки, ти живееш среде отстапнички дом: тие имаат очи да гледаат, а не гледаат имаат и уши да слушаат, но не слушаат; затоа што се тие дом отстапнички.
3. А ти, сине човечки, приготви си се што е потребно за преселување и сред бел ден пресели се пред очите нивни, пресели се од твоето место во друго место, пред очите нивни; можеби, тие ке разберат, макар што се дом отстапнички.
4. И работите твои изнеси ги како работи потребни за преселување, дење пред очите нивни, и сам излези вечерта пред очите нивни, како тие што излегуваат за преселување.
5. Пред очите нивни пробиј си отвор во sидот и изнесувај низ него.
6. Пред очите нивни земи го товарот свој на рамо, па во приквечерина изнеси го, подзатскриј го лицето свое, за да не ја видиш земјата; затоа што Јас те поставив за знак на домот Израилев."
7. И извршив како што ми беше заповедано; работите нужни при преселувањето ги изнесов дење, а вечерта прокопав со раката отвор во sидот и во темнината го изнесов товарот, и го кренав на рамо пред очите нивни.
8. Утредента рано би слово Господово до мене:
9. "Сине човечки, не му кажа ли ти на домот Израилев, домот отстапнички - што вршиш?"
10. Кажи им - вака вели Господ Бог: "Тоа е предвесник за началникот на Ерусалим и за целиот дом Израилев, кој е таму."
11. Кажи: "Јас сум знакот за вас; она што го вршам јас, тоа ке биде и со нив, при преселувањето, во ропство ке отидат тие.
12. А началникот, што е ме у нив во темнина, носејки на рамо, ке излезе. Sидот ке го пробијат за да го изнесат низ него; тој ке го сокрие лицето свое, така што со очите свои нема да ја види оваа земја.
13. А Јас, ке ја спрострам врз него Мојата мрежа, и тој ке биде фатен во мојата примка, и ке го одведам во Вавилон, во земјата Халдејска, но тој нема да ја види, и таму ке умре.
14. А сите што се околу него, неговите помошници, и сета војска ке ја развеам по сите ветрови, и ке го извадам мечот по нив.
15. И ке познаат тие, дека Јас сум Господ, Оној Кој ги распрсна ме у народите и ги развеа по земјите.
16. Но еден мал број од нив Јас ке го запазам од меч, глад и помор, за да им ги раскажуваат на народите, при кои ке отидат, сите гадотии; и ке познаат, дека Јас сум Господ."
17. И би слово Господово до мене:
18. "Сине човечки, јади го лебот со трепет, и водата пиј ја со треперење и со мака.
19. И кажи му на народот од оваа земја: вака вели Господ Бог за жителите на Ерусалим, за земјата на Израилот; тие ке го јадат лебот со жал и водата ке ја пијат во очајание, зашто поради неправдата на сите што живеат во неа, земјата ке биде лишена од секакво изобилие.
20. И ке бидат разорени населените градови, и земјата ке стане пуста, и ке познаете дека Јас сум Господ."
21. И би слово Господово до мене:
22. "Сине човечки, каква е таа поговорка кај вас во земјата Израилева: ‘Многу денови ке изминат и секое пророчко видение ке изчезне?‘"
23. Затоа кажи им - вака вели Господ Бог: "Kе ја уништам таа поговорка, и нема веке тие да ја употребуваат таа поговорка во Израилот; но, кажи им - блиски се деновите и извршувањето на секое пророчко видение.
24. Оти нема веке да остане попусто ниедно пророчко видение, и ниедно предвестување нема да биде лажно во домот на Израилот.
25. Зашто Јас, Господ, го зборувам ова: и зборот, кој Јас го кажувам ке се исполни, и нема да биде одложен; во ваши денови, доме отстапнички, реков збор, и ке го исполнам", вели Господ Бог.
26. И би слово Господово до мене:
27. "Сине човечки, ете, домот Израилев вели: пророчкото видение, што го виде тој, ке се изврши по многу денови и тој пророкуваше за далечни времиња."
28. Затоа кажи им: вака вели Господ Бог: "Ниеден Мој збор нема да биде одложен, но зборот, што ке го кажам Јас, ке се изврши," вели Господ Бог.

  Ezekiel (12/48)