Ezekiel (11/48)  

1. Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Господен, која гледаше кон исток. А таму - пред влезот на вратата дваесет и пет човека, и ме у нив го видов Јазанија, синот Азуров, и Фалтија, синот Ванеев, кнезовите народни.
2. И Он ми рече: "Сине човечки, еве ги лу ето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои му даваат лош совет во овој град,
3. велејки: ‘Уште е далеку; да си градиме домови; тој е котел, а ние - месо.‘
4. Затоа изречи против нив пророштво, пророкувај, сине човечки!"
5. И слезе врз мене Духот Господен и ми рече: "Кажи - така вели Господ - она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам.
6. Многумина ваши убиени ги положивте во тој град, и улиците негови се исполнија со трупови."
7. Затоа, вака вели Господ Бог: "Убиените ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој - котел; но вас Јас ке ве изведам од него.
8. Вие се боите од меч, а Јас ке испратам врз вас меч, вели Господ Бог.
9. И ке ви изведам од него, ке ве предадам во рацете на ту инци, и ке изршам суд над вас.
10. Од меч ке паднете; во пределите на Израилот ке ви судам, ке познаете, дека Јас сум Господ.
11. Он нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во пределите Израилеви ке ви судам.
12. И ке познаете, дека Јас сум Господ; затоа што не ги извршувавте Моите наредби, туку одевте по наредбите на народите околу вас."
13. И ете, кога пророкував, Фалтија, синот Ванеев, умре. И паднав ничкум, викав со силен глас и реков: О, Господи Боже, зар сакаш до крај да го истребиш остатокот на Израилот?"
14. И би слово Господово до мене:
15. "Сине човечки, на браката твои, на твоите брака, на твоите еднокрвни и на сиот Израилев дом - на сите што живеат во Ерусалим, им велат: ‘живејте далеку од Господа, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘"
16. За ова кажи им: вака вели Господ Бог - "макар и да ги оддалечив ме у народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ке бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа."
17. Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: "Јас ке ве соберам од кај народите и ке ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ке ви ја дадам земјата Израилева.
18. И ке дојдат таму и ке ве исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии.
19. И ке им дадам едно срце, ке вложам во нив нов дух, ке го земам од телото нивно каменото срце и ке им дада срце од плот,
20. за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршуваат; и ке бидат Мој народ, и Јас ке бидат пак нивни Бог.
21. А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивното поведение ке го свртам врз нивните глави", вели Господ Бог.
22. Тогаш херувимите ги подигнаа криљата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израилевиот Бог беше над нив одозгора.
23. И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се нао а источно од градот.
24. И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Халдеја, при преселените. И видението, што го имав, избега од мене.
25. И јас им ги пренесов на изгонените сите зборови Господови, што ми ги откри Он.

  Ezekiel (11/48)