Exodus (9/40)  

1. Тогаш му рече Господ на Мојсеја: "Влези при Фараонот и кажи му: ‘Вака вели Господ, Бог на Евреите: пушти го народот Мој, за да ми изврши служба.‘
2. Оти, ако не го пуштиш, па и понатаму го задржуваш,
3. еве, раката Господова ке дојде врз добитокот твој во полето, врз коњите, врз ослите, врз камилите, врз говедата и врз овците - и многу голем помор ке настане.
4. И во она време ке направам чуда ме у добитокот на синовите Израилеви; и од сиот добиток на синовите Израилеви нема ништо да загине."
5. И определи Господ време, велејки: "Утре ке го направи тоа Господ на земјата."
6. И го изврши тоа Господ утредента, и сиот добиток египетски исцрка; а од добитокот на синовите Израилеви ништо не загина.
7. И виде Фараонот дека од добитокот Израилев не беше загинато ниту едно грло. Но Фараоновот срце одново отврдна, и тој пак не го пушти народот.
8. Тогаш му рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки: "Земете полни раце пепел од печката, и Мојсеј нека ја фрли пред Фараонот и пред слугите негови спрема небото;
9. и ке се дигне прав по целата земја Египетска; а од неа ке се појават воспаленија и на лу ето, и на доботокот по целата земја Египетска."
10. И зедоа пепел од печката, и застанаа пред Фараонот, па ја фрли Мојсеј спрема небо, и се појавија гнојни струпје по лу ето и по добитокот.
11. И вражачите не можеа да стојат пред Мојсеја поради струпјето, зашто струпје имаше и на вражачите и на сите Египтјани.
12. И го ожесточи Господ срцето на Фараонот и тој не ги послуша, како што му беше рекол Господ на Мојсеја.
13. Потоа му рече Господ на Мојсеја: "Стани утре рано и излези пред Фараонот и речи му: ‘Еве што вели Господ, Бог на Евреите: пушти го народот Мој, да Ми послужи,
14. оти овој пат ке ги пуштам сите зла, за да познаеш дека нема друг како што сум Јас на целата земја.
15. Оти сега, ако ја пружам Својата рака, ке те поразам тебе и народот твој со помор, така што ке се истребите од земјата.
16. А те оставив досега само за да ја покажам над тебе силата Своја, за да биде проповедано името Мое по целата земја.
17. Уште ли ке се креваш над Мојот народ, и нема ли да го пушташ?
18. Па, еве, утре, токму во овој час, Јас ке пратам град многу голем, каков што немало во Египет, откако настанал па досега.
19. Затоа, сега побрзај да се прибере добитокот твој, и се‘ што имаш по полето; оти ке падне град врз сите лу е и врз доботокот. А оние, што ке се затечат во полето и не бидат прибрани дома, ке падне град врз нив и ке изгинат."
20. Оние Фараонови слуги, кои се уплашија од зборовите Господови, брзо го прибраа добитокот свој по куките.
21. А оној, пак, кој не им поверува на зборовите Господови, тој го остави добитокот свој во полето.
22. И му рече Господ на Мојсеја: "Пружи ја раката своја кон небото, и ке удри град по целата земја Египетска, врз лу ето, врз доботокот и врз тревата земна."
23. И Мојсеј ја крена раката кон небото и Господ пушти громови и град, и течеше оган по земјата. И прати Господ град врз целата земја Египетска.
24. Па аше град, а и оган гореше со градот многу силен, каков што немало во целата земја Египетска, откако биле населени лу ето во неа.
25. А градот уништи во целата земја Египетска се‘ - од човек до животно; и градот ги уништи сите растенија по полето, и сите дрвја во полето ги сотре.
26. Само во земјата Гесем, каде што беа синовите Израилеви, немаше град.
27. Тогаш прати Фараонот, и ги повика Мојсеја и Арона, и им рече: "Сега згрешив; Господ е праведан, а јас и мојот народ сме грешници.
28. Помолете Му се на Господа за мене; нека престанат громовите Божји и градот, и огнот на земјата, па ке ве пуштам, и повеке никој да не ве задржува."
29. А Мојсеј му рече: "Штом ке излезам од градот, ке ги кренам рацете мои спрема небото кон Господа, и громовите ке престанат и град и дожд повеке нема да има, за да познаеш дека замјат е Господова.
30. Но знам дека ти и слугите твои уште нема да се уплашите од Господа."
31. И така пропадна ленот и јачменот, зашто јачменот беше искласал, а ленот - факаше семе.
32. А пченицата и ‘ржта не пропаднаа, бидејки беа доцни жита.
33. И Мојсеј излезе од кај Фараонот надвор од градот, ги издигна рацете свои кон Господа - престанаа громовите и градот, и град и дожд не паднаа веке на земјата.
34. Но Фараонот, откако виде дека престана дождот, градот и громовите, продолжи пак да греши, и закорави срцето негово и на слугите негови.
35. Се ожесточи срцето Фараоново и на слугите негови, и тој пак не ги пушти синовите Израилеви, као што му беше рекол Господ преку Мојсеја.

  Exodus (9/40)