Exodus (8/40)  

1. Потоа Господ пак му рече на Мојсеја: "Оди при Фараонот, и речи му - вака вели Господ: ‘Пушти го народот Мој, да му изврши служба.‘
2. А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ке ја поразам целата земја твоја со жаби;
3. и реката ке се исполни со многу жаби, и тие ке излезат и ке влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куката на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноквите твои;
4. а врз тебе ке скокаат жаби и врз народот твој и врз слугите твои."
5. И му рече Господ на Мојсеја: "Кажи му на Арона, братот твој: ‘Пружи ја раката Твоја со стапот свој врз реките, врз изворите и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата Египетска."
6. И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата Египетска;
7. Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата Египетска.
8. Тогаш Фараонот ги повика Мојсеја и Арона и им рече: "Помолете Му се на Господа за мене, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ке го пуштам народот да Му принесе жртва на Господа."
9. А Мојсеј му рече на Фараонот: "Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од народот твој и од куките ваши, а само во реката да останат."
10. И определи: "Утре". А Мојсеј рече: "Нека биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг освен Господа, нашиот Бог.
11. Kе отидат жабите од тебе, од куките ваши, од дворовите на слугите твои и од народот твој; само во реката ке останат."
12. Потоа Мојсеј и Арон излегоа од кај Фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господа за разграничување на жабите, како што беше се договорил со Фараонот.
13. И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куките, по дворовите и по нивите нивни.
14. И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде.
15. А кога Фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги послуша нив, како што беше рекол Господ.
16. Тогаш Господ му рече на Мојсеја - "Кажи му на Арона: ‘Пружи го со рака стапот свој, и удри по правот на земјата -‘ и ке се појават мушички по целата земја Египетска."
17. Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по лу ето и по доборокот, сиот песок на земјата се претвори во мушички по целата земја Египетска.
18. Сеобидоа и вражачите египетски со вражањето свое да призведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по лу ето и по добитокот.
19. И му рекоа вражачите на Фараонот: "Ова е знак Божји!" Но срцето на Фаронотпак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
20. И му рече Господ на Мојсеја: "Стани утре и застани пред Фараонот. Тогаш тој ке излезе кај реката, па кажи му: ‘Вака вели Господ: Пушти го народот Мој, да Ми послужи.‘
21. А ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, Јас ке пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите ваши бубачки, и ке се исполнат со бубачки куките египетски, и земјата на која се.
22. А во оној ден ке ја одделам земјата Гесем, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш, дека Јас сум Господ Бог на целата земја.
23. И ке направам разлика ме у народот Мој и народот твој. Утре ке го има тој знак на земјата."
24. И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куките Фараонови, во куките на слугите негови и во целата земја Египетска, така што се сотре земјата од бубачките.
25. Фараонот ги повика Мојсеја и Арона, и им рече: "Отидете, принесете Му жртва на вашиот Господ Бог во оваа земја!"
26. Но Мојсеј рече: "Не е можно така да биде, зашто принесувањеот жртва на Господа, нашиот Бог, е нечисто за Египтјаните, пред нивните очи, тие нема ли да не‘ убијат со камења?
27. Три дена пат ке одиме во пустињата, па да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог, како што ни рече нашиот Господ."
28. И одговори Фараонот: "Kе ве пуштам да Му принесете жртва на Господа, вашиот Бог, во пустињата; но не одете подалеку, и помолете се на Господа и за мене!"
29. А Мојсеј рече: "Еве, јас одам од тебе и ке Му се помолам на Господа Бога, и бубачките утре ке исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, Фараоне, да не‘ мамиш, не пуштајки го народот да Му принесе жртва на Господа.
30. И отиде Мојсеј од Фараонот, и Му се помоли на Господа.
31. И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од Фараонот, и од слугите негови, и од народот; и не остана ниедна.
32. Но пак зарврдна срцето Фараоново, и пак не го пушти народот.

  Exodus (8/40)