Exodus (7/40)  

1. И Господ му рече на Мојсеја, велејки: "Ете, Јас те поставив да му беидеш Бог на Фараонот; а Арон, братот твој, ке ти биде пророк твој.
2. Ти ке му зборуваш се‘, што тебе ке ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ке му зборува на Фараонот да ти ги пушти синовите Израилеви ос земјата своја.
3. Само Јас ке го ожесточам срцето на Фараонот, и ке ги умножам знаците Мои и чудесата Мои во земјата Египетска.
4. Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ке ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ке го изведам народот Мој, синовите Израилеви, од земјата египетска со страшна одмазда.
5. И ке познаат сите Египтјани дека Јас сум Господ, кога ја протегам раката Своја над Египет и кога ке ги изведа синовите Израилеви од нивната средина."
6. И направија така Мојсеј и Арон; како што им заповеда Господ, така направија.
7. Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон, братот негов осумдесет и три години кога зборуваа со Фараонот.
8. Им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки:
9. "А ако Фараонот ви каже и рече: "Направете некакво чудо или дајте знак - тогаш кажи му на Арона, братот твој: ‘Земи го стапот и фрли го наземи пред Фараонот и неговите слуги‘ - тој ке стане змија."
10. Потоа Мојсеј и Арон влегоа кај Фараонот и слугите негови и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон стапот свој пред Фараонот и пред слугите негови, и тој стана змија.
11. Тогаш Фараонот ги повика мудреците египетски и врачевите; и тие направија исто со своето вражање.
12. И секој од нив го фрли својот стап и тие станаа змии; само стапот Аронов ги проголта нивните стапови.
13. Но срцето Фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
14. И му рече Господ на Мојсеја: "Кораво е срцето Фараоново; и нема да го пушти народот.
15. Појди утре при Фараонот. И ете, тој ке излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се претвори во змија, земи го во раката своја.
16. И речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: ‘Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустињата!‘ Ни ти, ете, досега не Го послуша.
17. Затоа Господ вели: ‘По ова ке познаеш, дека Јас сум Господ.‘ Еве, со стапов, што ми е во раката, ке удрам по водата, која е во реката, и таа ке стане крв.
18. И рибите што се во реката ке изумрат, и реката ке се смириса, а Египтјаните не ке можат да пијат вода од реката."
19. Му рече Господ на Мојсеја - "Кажи му на Арона братот твој: ‘Земи го стапот свој во раката твоја, и пружи ја раката своја над водите египетски: над реките нивни, и над езерата нивни и над сите нивни собиралишта на води; и тие ке се претворат во крв. И се‘ ке стане крв по целата земја египетска, и по дрвјата и по камењата."
20. Направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речнате вода пред очите на Фараонот и слугите негови. И сета вода речна се претвори во крв.
21. И изумреа рибите, што беа во реката, и се смириса реката, така што Египтјаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата земја египетска.
22. Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на Фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
23. Потоа се сврте Фараонот и се отиде во домот свој; и ни од тоа не се поучи тој.
24. А Египтјаните, сите, почнаа да копаат околу реката, барајки вода за пиење; зашто не можеа да пијат вода од реката.
25. И така изминаа седум дена, откако ја удри Господ реката.

  Exodus (7/40)