Exodus (5/40)  

1. А потоа влегоа Мојсеј и Арон кај Фараонот, па му рекоа: "Вака вели Господ, Бог Израилев - ‘Пушти го народот Мој, да празнува празник во Моја чест во пустињата.‘"
2. Но Фараонот рече: "Кој е, за да Го послушам гласот Негов, и да ги пуштам синовите Израилеви? Не Го познавам Господа, ниту ке го пуштам Израилот."
3. А тие рекоа: "Бог на Евреите не‘ повика нас три дена пат да одиме во пустињата, за да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог, та да не испрати Он на нас смрт или убиство."
4. Тогаш царот египетски им рече: "Зошто вие, Мојсеј и Ароне, го одвлекувате народот од работата негова? Одете си секој од вас по своја работа!"
5. И Фараонот уште додаде: "Ете, сега се намножи народот во земјата, но нема да му дадеме почивка од работите."
6. И им заповеда Фараонот на надзорниците за работа над народот и на настојниците негови, и рече:
7. "Отсега на народот нема да му давате плева за правење тули, како досега: туку сами нека одат да си собираат плева.
8. А колку тули досега правеле, настојувајте толку да правет и отсега: ништо не намалувајте; оти се без работа, па затоа викаат и велат - ‘Да одиме и да Му принесеме жртва на нашиот Бог.‘
9. Нека им се зголеми работата на тие лу е; тогаш ке се грижат за тоа и нема да слушаат празни зборови."
10. И ги принудија нив надзорниците и настојниците, и му рекоа на народот: "Вака вели Фараонот: нема да ви даваме веке плева;
11. одете сами и собирајте си плева, каде што ке најдете; а од работата нема ништо да ви се намали."
12. И се разотиде народот по целата земја Египетска за да собира стрника наместо плева.
13. А надзорниците навалуваа, велејки: "Вршете ги определените работи ваши секој ден, како и порано кога имавте плева."
14. И настојниците од родот на синовите Израилеви, кои ги поставија над нив надзорниците на Фараонот, беа биени и им се велеше: "Зошто и денес не изработивте толку тули, колку што ви е определено, како што правевте и порано?"
15. И отидоа настојниците на синовите Израилеви пред Фараонот, па извикаа и рекоа: "Зошто постапуваш така со слугите твои?
16. Плева не им се дава на слугите твои, а пак ни се вели: ‘Правете тули. И ете, ги бијат слугите твои. Го онеправдуваат твојот народ."
17. Но тој им одговори: "Седите без работа, не работите, па затоа велите: ‘Да одиме да Му принесеме жртва на нашиот Бог.‘
18. Затоа сега одете, работете; плева нема да ви се дава, а тули ке предавате во определен број."
19. И насотјниците на синовите Израилеви се видоа во зло, оти им се рече: ‘Дневната количина на тулите не смеете да ја намалите.‘
20. А кога излегоа од Фараонот, ги сретнаа Мојсеја и Арона, кои идеа во пресрет.
21. Па им рекоа: "Бог нека види и нека ви суди што не‘ намразивте кај Фараонот и службениците негови, и им дадовте меч во радете, за да не‘ убиваат!"
22. Тогаш Мојсеј се обрна кон Господа и рече: "Господи, Ти се молам, Господи, зошто го воведе во невола овој народ и зошто ме испрати мене?
23. Оти, откако излегов пред Фараонот и проговорив во Твое име, тој уште полошо постапува со овој народ; и Ти не го избави народот Свој."

  Exodus (5/40)