Exodus (40/40)    

1. И му рече Господ на Мојсеја велејки:
2. "Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на сведоштвото,
3. потоа постави го таму ковчегот на откровението и засолни го со завесата;
4. внеси ја трпезата, и постави се‘ што треба да се намести на неа; внеси го и свекникот, а стави ги и кандилцата на него;
5. постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на откровението; и закачи завеса пред влезот во скинијата на сведоштвото.
6. Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици, а постави го и пред влезот во скинијата на сведоштвото;
7. стави го мијалникот ме у скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеј вода во него;
8. огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот;
9. па земи елеј за помазание, и помажи ја скинијата и се‘ што има во неа: и освети ја неа и сите принадлежности нејзини, па ке биде света.
10. Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ке стане пресвет.
11. Помажи го и мијалникот, и подножјето негово, и освети го.
12. Потоа доведи го пред влезот од скинијата на сведоштвото Арона и синовите негови и измиј ги со вода;
13. облечи го Арона во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми принесува жртви.
14. Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони,
15. и по0ажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми принесуваат жртви; и помазанието нивно ке ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија."
16. И направи Мојсеј се‘, како што му заповеда Господ, така направи.
17. Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата.
18. Мојсеј ја подигна скинијата: ги исправи диреците, ги провлече напречниците, и ги исправи столбовите;
19. па ги распна платништата над скинијата, а над неа ги ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
20. И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави очистилиштето одозгора над ковчегот.
21. Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завестата, та го засолни ковчегот на откровението, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
22. И ја постави трпезата во скинијата на сведоштвото од северната страна на скинијата, пред завесата;
23. потоа постави на неа лебови за предложение пред Господа, како што му беше заопведал Господ на Мојсеја.
24. Го намести свекникот во скинијата на сведоштвото спрема трпезата, од јужната страна на скинијата,
25. а ги постави и кандилцата пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
26. Го постави златниот жртвеник во скинијата на сведоштвото пред завесата,
27. и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
28. Ја закачи завесата пред влезот во скинијата;
29. потоа го постави и жртвеникот за жртви приносници при влезот во скинијата на сведоштвото, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
30. Го намести и мијалникот ме у скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеа во него вода за миење;
31. и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги измија рацете свои и нозете свои;
32. а ги миеја кога влегуваа во скинијата на сведоштвото и кога пристапуваа кон жртвеникот да служат, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
33. Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.
34. Тогаш облак ја покри скинијата на сведоштвото и се исполни скинијата со слава Господова;
35. и Мојсеј на можеше да влезе во скинијата на сведоштвото, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата.
36. И кога се креваше облакот од скинијата, тогаш поа аа синовите Израилеви на пат со својот имот;
37. а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поа аа се‘ до денот, кога ке се кренеше,
38. зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноке во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израилев, при сите нивни патувања.

  Exodus (40/40)