Exodus (4/40)  

1. Тогаш Мојсеј одговори и рече: "А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат - ‘Не ти се јавил Гопод?‘ - Што ке им речам?"
2. А господ му рече: "Што ти е тоа во раката?" А тој одговори: "Стап."
3. И му рече: "Фрли го на земја!" И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј извега од неа.
4. А Господ му рече на Мојсеја: "Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката." И ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова.
5. "Така ке поверуваат, оти ти се јавил Господ, Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов."
6. И пак му рече Господ: "Стави ја сега раката свој во пазувата своја!" И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег.
7. И пак му рече Господ: "Стави ја пак раката своја во пазувата своја!" И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово.
8. "Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ке ти поверуваат при вториот знак.
9. А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на суво; и водата, земена од реката, ке се претвори во крв на земјата."
10. А Мојсеј Му рече на Господа: "О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејки немам добра глас и тепкам, тешко зборувам."
11. А Господ му рече на Мојсеја: "Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не Јас ли, Господ Бог?
12. Па сега, оди, и Јас ке ти ја отворам устата твоја, и ке те научам, што ке зборуваш."
13. Но Мојсеј пак рече: "Те молам, Господи, избери друг, што ке го испратиш."
14. И се разгневи Господ на Мојсеја, и рече: "Не ли ти е брат Арон Левитот? Знам дека е способен и тој ке зборува наместо тебе; и еве тој ке те сретне, и, кога ке те види, ке се зарадува во себе.
15. Нему ке му кажеш и ке ги ставиш Моиве зборови во устата негова, и Јас ке ти ја отворам устата твоја и устата негова и ке ви покажам што да правите.
16. И тој место тебе ке му зборува на народот; и така тој ке ти биде тебе уста, а ти ке му бидеш нему место Бога.
17. А тој стап што беше претворен во змија, земи го во својата рака. Со него ке правиш чуда."
18. Тогаш отиде Мојсеј и се врати при Јотора, тестот свој, и му рече: "Kе појдам и ке се вратам кај браката мои во Египет, да видам дали се уште живи." И му рече Јотор на Мојсеја: "Оди со здравје!" По оние многу денови умре царот египетски.
19. И му рече Господ на Мојсеја во земјата Мадијамска: "Оди, врати се во Египет, зашто изумреа сите, што ја бараа душата твоја."
20. Тогаш ја зеде Мојсеј жената своја и децата свои, и ги качи на осли, и се врати во Египет. А стапот Божји го зеде Мојсеј во раката своја.
21. И му рече Господ на Мојсеја: "Кога ке отидеш и се вратиш во Египет, гледај да ги направиш пред Фараонот сите чудеса, за кои ти дадов мок во рацете твои. А Јас, пак, ке го ожесточам срцето негови, да не го пушти народот.
22. А ти кажи му на Фараонот: ‘Вака вели Господ Бог еврејски: Израил е Мојот првороден син.‘
23. ‘Ти реков да го пуштиш народот Мој да ми послужи. Ако одбиеш да го пуштиш, внимавај Јас ке ги убијам твојот првороден син.‘"
24. И кога патем нокеваше, го сретна Ангел Господов и сакаше да го убие.
25. Тогаш Сепфора зеде остар камен, и го обреза крајот од телото на својот син, и клекна пред нозете на Мојсеја и рече: "Ете ја крвта од обрезанието на мојот син!"
26. Тогаш Ангелот отиде од него; а таа рече: "Поради обрезанието застана крвта на синот мој."
27. А Господ му рече на Арона: "Излези во пуситњата и отиди да го сретнеш Мојсеја!" И отиде да го сретне на планината Божја, и се целиваа обајцата.
28. Мојсеј, пак, му ги кажа на Арона сите зборови Господови, Кој го испрати, и сите знаци, што му ги беше заповедал.
29. И отидоа Мојсеј и Арон и ги собраа сите старешини и синовите Израилеви.
30. А Арон им ги кажа сите збороди, што му ги беше кажал Господ на Мојсеја, а Мојсеј ги изврши сите знаци пред народот.
31. Народот поверува и се израдуваа зашто Господ Бог ги посети синовите Израилеви и погледна на маката нивна, па паднаа на колена и се поклонија.

  Exodus (4/40)