Exodus (39/40)  

1. А од ткаенина сина, црвена и темноцрвена направија одежди за служба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арона, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
2. Направија ефод од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон;
3. извлекоа листови од злато, и исекоа жици, за да ги вткаат вешто во ткаенината сина, црвена и темноцрвена и во висоновите нишки;
4. му направија и нараменици што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја.
5. И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од вткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
6. И изрезаа и камења смарагдови, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израилеви, како што се прават печати;
7. па ги ставија на нарамениците од ефодот, за спомен на синовите Израилеви, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
8. Направија и наградник, вешто изработен, од иста метерија како и ефодот: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон;
9. наградник направија: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк, двоен.
10. И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: сард, топаз и смарагд;
11. во вториот ред: антракс, сафир и јаспис;
12. во третиот ред: лигур, ахат и аметист;
13. во четвртиот ред: хрисолит, вирил и оникс; и тие беа опковани и обвиени во злато.
14. Камењата беа според бројот на имињата на синовите Израилеви: тие беа дванаесет, според бројот на нивните имиња, и на секој од нив беше изрежано како печат по едно име, за дванаесетте племиња.
15. И направија за наградникот веришки вити, плетени од чисто злато;
16. направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот;
17. па ги закачија двете златни веришки за двете алчиња на краевите од наградникот,
18. а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамениците од ефодот од предната страна.
19. Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спрема ефодот:
20. направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот;
21. и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со врвка сина, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефодот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
22. а за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина,
23. и прорез по средината на наметката како отвор, околку прорезот ширит шиен, за да не се реси.
24. По полите на подметката одоздола направија врвци од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и висон ткаен.
25. А направија и sвончиња од чисто злато, и ги закачија sвончињата на полите од наметката наоколу ме у прачките:
26. sвонче и јаболкце, sвонче и јаболкце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
27. Потоа направија хитони од ткаен висон за Арона и за синовите негови;
28. и кидар од висон и митра од висон, и долна облека од ткаен висон,
29. и појас за нив од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
30. И направија плочка, знак на светоста, од чисто злато, издлабија на неа писмо, како што се реже печат "Светост Господова".
31. И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
32. И така се сврши целата работа околу скинијата, скинијата на сведоштвото. И направија синовите Израилеви се‘ како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така направија.
33. И ја донесот при Мојсеја скинијата, покривката и сите нејзини работи, кукичките, диреците, лостовите, столбовите и подножјата.
34. И покривката од кожи овнешки, црвени, и покривката од кожи фини и завесата за засолнување,
35. ковчегот на откровението со лостовите, и очистилиштето,
36. трпезата со сите нејзини принадлежности, и лебови за предложение,
37. свекникот од чисто злато со неговите кандилца, кандилцата веке наредени, и сите потреби негови, и елеј за светење,
38. жртвеникот златен, и елеј за помазание, кадиво мирисно, и завесата за влезот во скинијата,
39. жртвеникот од бакар и решетката од бакар за него, лостовите негови и сите принадлежности негови, мијалникот и подножјето негово,
40. завесите за дворот, столбовите за нив и подножјата нивни, и завесата за влезот во дворот, јажињата негови и колчињата негови, и сите потреби за служба во скинијата на сведоштвото;
41. одеждите богослужбени за служење во светилиштето, одеждите свети за свештеникот Арона и одеждите за синовите негови, за свештеничка служба.
42. Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така ги направија синовите Израилеви сите тие работи.
43. И ги погледа Мојсеј сите тие работи, и ете, тие ги беа направиле: како што беше заповедал Господ, така ги беа направиле. И ги благослови Мојсеј.

  Exodus (39/40)